• Latest
Џабир Дерала

Дали човештвото е уморно од себе?

November 23, 2021
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дали човештвото е уморно од себе?

Анти-утопијата чука на вратата... Белешка за уништеното општество, со неколку (не толку) наивни прашања и дилеми. Не мора да значи дека станува збор за македонското општество. Тоа и онака (речиси) не постои. Како и многу други.

November 23, 2021 08:50
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога луѓето, во огромни бројки, ќе се поделат меѓу себе по линија на тоа кој ѝ верува на науката или не, веќе нема надеж за тоа општество. И кога станува масовна тенденцијата да им се верува на лагите, наспроти очигледните факти, прашањето – што, по ѓаволите, се случува со општеството – станува реторичко.

Прашањето не е повеќе што се случува во, туку со општеството. Предлогот „во“ се менува во „со“ зависно од пропорциите на состојбата. Кога на поединци или групи ќе им се случи нешто, се вели дека тоа нешто се случува во општеството. Но кога голем дел од тоа општество ќе го опфати некоја состојба, тогаш нешто се случува со општеството. (Мораше ли да се објаснува ова? Со оглед на состојбите, изгледа дека – да.)

Драстичните промени во однесувањето, намалената способност да се помни, да се мисли и да се носат самостојни одлуки, се симптоми на деменција. Тоа ли се случува со општеството? Паднало во состојба на деменција?

Одбивањето на фактите, здравиот разум и логиката не се прашање на верата или верските слободи – човек да верува во што сака. Неприфаќањето на логиката и на фактите не значи дека се искористува некое право или слобода. Тоа нема врска со човековите права и слободи. Тоа едноставно може да значи дека 1) некој е толку глупав што не може да разбере, 2) има некоја друга цел, сака да скрие или да добие нешто со одбивањето на очигледните факти, 3) таа или тој е жртва на обработка на политичка или верска пропаганда.

Или, да ја скратиме приказната, време е да признаеме дека пропагандата беше и остана најсилното оружје во рацете на човекот. И во историјата и во сегашноста се познати состојбите на деменција (или масовна психоза) на општеството. Фашизмот, сталинизмот, нацизмот… Ако прифатиме дека и тие биле и поминале (навистина, оставајќи неизмерни разорувања и страдања зад себе), можеби тука останува трошка надеж.

Или можеби и не. Никогаш порано знаењата не биле толку достапни, а да владее толкаво незнаење. Никогаш порано немало потреба да се покренуваат цели кампањи за да се докажува дека планетата не е рамна, дека во вакцините нема чипови, дека науката не е манипулација… Никогаш порано немало толкава вулгарност во одбрана на „честа“.

Сепак, секогаш имало толку омраза во одбрана на „љубовта“ кон нацијата, секогаш имало толку омраза кон „нечистите“, „неверните“ и „различните“.

Дискутабилно е дали постои момент на свесна одлука на таа (ментална) патека кон целосното напуштање на слободната волја и прифаќањето на незнаењето. Што е потребно човек да се откаже од фактите за да ги прифати „догмите“ на пропагандата? Или уште пострашно, да ја препушти контролата на сопствените мисли во рацете на други. Универзалните човечки вредности да ги замени со омраза и деструкција.

Последно, (не толку) наивно прашање: Дали човештвото е уморно од себе?

Кој би рекол дека на толку апсурден начин ќе пропадне општеството. Анти-утопијата чука на вратата. „Новиот“ човек, во бесознание, ѝ отвора.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ