• Latest
Добро утро со Орданоски

Дали е спасот низ подземјето?

November 13, 2018

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Дали е спасот низ подземјето?

November 13, 2018 08:04
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]С[/dropcap]ега е и официјално: почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ е во бегство, со распишана полициска потерница по него. Вчерашниот ден помина во неизвесност и исчекување, засилени со разбирливата драма што ја креираат и македонските медиуми. Не се случува баш секој ден еден бивш премиер да ѝ побегне „пред носот“ на правдата, и тоа не кој било бивш премиер, туку оној од чија волја и расположение десетина години речиси да ни зависеше на која нога станувавме наутро и со која мисла си легнувавме навечер… Идеализиран од половина држава и омразен кај другата половина, со растечки тренд на емоции и во двата такви табори, неговиот „низок пад“ после многу долгото и интензивно „високо летање“ е драматична вест за сите, особено во првите 24 часа по нејзиното објвување.

Не паметам дека некој бивш претседател или премиер на европска земја успеал, буквално, на нозе, да побегне од правдата. Дури и во најколоритните земји од Европа, како во една Италија, на пример, каде половина од повоените премиери – од Џулио Андреоти, преку Бетино Кракси, до Берлускони и којзнае уште колку – биле уредно вмешани во поголеми и помали скандали со најразлични мафијашки позадини, од корупции до ликвидации, највисоките политичари правдата ја дочекувале во некаква извршна форма, макар и после долги години надмудрувања со правната држава. Нам ни е најсвеж примерот со Иво Санадер, кого го ловеа по австриските авто-патишта за да го испорачаат назад во Хрватска на заслужено соочување со тамошниот правен систем, сличен на нашиот, пред нивното влегување во Европската Унија. Па на крајот го уловија, со сообраќајна полиција.

Затоа, за претпоставка е дека и ова бегање на Никола Груевски, на еден или на друг начин, нема долго да трае. Тоа само ќе му ја влоши правната позиција во сите други случаи за кои е обвинет и, најверојатно, ќе го смести зад решетките на еден многу подолготраен начин.

Политичките последици во Македонија од одлуката на Груевски да бега пред правдата ќе бидат најнепријатни за неговата партија, која и под новото раководство не смогна сили да се дистанцира од неговата кривично-правна тековна судбина. Таму и денеска го третираат како „политичка жртва“ на „криминалниот режим“ на Заев, што го компликува кредибилитетот на домашната и меѓународната позиција на ВМРО-ДПМНЕ на секој чекор, до непријатни размери. Уште долго челниците на опозицијата нема да можат да конституираат сопствена агенда, без постојано да бидат прашувани за овој или за оној детал од судското досие на Груевски. Уште долго, а можеби и до самиот негов политички крај, Мицкоски ќе биде доживуван како „пионот на Груевски“, несреќно бирајќи да ја врзе својата политичка судбина за неговата.

Заев, во оваа смисла, е нешто попаметен: вчера го прашаа дали знае каде е и што се случува со Груевски, а тој лаконски одговори дека за таа работа ќе си го прашаат Оливер Спасовски, бидејќи тој не се мешал во работата на полицијата. Што ќе рече, доколку потрагата се развлече или е неуспешна, сметката да биде испорачана на адреса на МВР, а не во кабинетот на премиерот.

Во целата таа приказна најмал проблем е што самото седиште на партијата, грдиот „бел дворец“, оправдано се смета за една од примарните локации каде што би можел да се крие бегалецот Груевски. Таму, белки не случајно, се правеа подземни и тајни влезови и излези за итни евакуации на врвниот персонал на партијата, веројатно имајќи ги предвид и овој вид на ситуации.

Впрочем, не верувам дека постои снимка на која се гледа како Груевски макар еднаш има влезено во таа зграда на накитениот главен влез од плоштадот со фонтана – напротив, секогаш од подземјето, како самиот да си ја претскажуваше сопствената политичко-правна судбина.

 

 


ЗАБРАНЕТО ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Share417TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ