• Latest
Мапа: Руските воени сили на границите со Украина (freebeacon.com)

Дали е среда „Денот Д“ за Украина?

February 15, 2022
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дали е среда „Денот Д“ за Украина?

За време на викендот, германскиот неделник Шпигл објави дека војната меѓу Русија и Украина ќе почне во среда,16 февруари. Наводно, за време на вежбите тенковите на руската армија почнале да тонат во калта. Тука има и нешто друго – се работи за процесот на „торпедирање на вистината“, за процес на одложување на воените операции со тоа што тие ќе се разобличат во детали, па агресорот мора да ги менува плановите, а за тоа треба време!

February 15, 2022 09:03
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Мапа: Руските воени сили на границите со Украина (freebeacon.com)

Мапа: Руските воени сили на границите со Украина (freebeacon.com)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Оние кои знаат што се тоа воени вежби деновиве се сосема сигурни дека тоа е модел на активирање на вооружената сили која од вистински воени дејствија ја дели само еден чекор! Тоа во мигов се случува на инаку плодните ниви на Белорусија каде се истоварени тенкови и друго тешко оружје од повеќе од 800 железнички композиции (ова е бројка од пред еден месец). Тие композиции веќе на симболичен начин ја формираа унијата меѓу две држави на поранешната империја, Русија и Белорусија, во која недостасува најзначајниот „камен од круната“ – Украина, кон која е несочено р’жењето на големата кремљовска машинерија.

Веќе не е прашање дали таа сила ќе се користи, туку кога и во која мерка. Дали угледниот „Шпигл“https://www.spiegel.de/politik/deutschland/krise-in-osteuropa-cia-rechnet-mit-russischem-angriff-kommende-woche-a-2e10a45f-b6eb-4b1a-b692-2edc64c04adf шпекулира со датумот или пак се работи за опробана варијанта последниве месеци  – штом се открие предвреме чекорот на непријателот, тој ќе мора да изврши промена, бидејќи исчезнува изненадувањето како стар трик на воинствените умови. А тоа значи и нов тајминг за нападот.

Фото: Тенкови на плодните ниви на Белорусија – политички сигнали кои можат и да заглават

На прес-брифингот во Белата куќа, Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на Џо Бајден, одби да ги коментира овие извештаи. Напад може да се случи во секое време, дури и пред крајот на Олимписките игри. Сепак, тој нагласи: „Не велиме дека претседателот Путин донел конечна одлука.“

Покрај тајноста, сепак, во текот на петокот, 11 февруари, неделникот потврди дека е  забележано влошување на ситуацијата. Министерот за надворешни работи Антони Блинкен, кој во тој момент се наоѓал во Австралија, предупредил на можен напад пред крајот на Олимписките игри во Кина на 20 февруари. Претходната ноќ, американскиот претседател Џо Бајден ги повика сите Американци веднаш да ја напуштат Украина. Според американските медиуми, тој во четвртокот доцна навечер по американско време се сретнал со своите најважни советници за безбедност во Собата за состојби во Белата куќа.

Фото: Состанок во Собата за ситуации од времето на Обама – се следи фаќањето на Осама бин Ладен

Потоа во петокот телефоните се загреаја уште повеќе. Очигледно, Соединетите Држави ги информираа сојузниците поединечно за новите наоди уште од раните утрински часови. Доцна попладнето, американскиот претседател Џо Бајден ги повика сите шефови на држави и влади на ЕУ заедно на тајна конференција за настанатата промена на украинскиот фронт. Поканети биле шефицата на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Покрај новите сознанија, Бајден посочил и колку е важно да се остане во дијалог со Русија. Се зборуваше и за можен телефонски разговор меѓу него и Путин (кој се оствари потоа, во траење од еден час и не донесе ништо ново).

Федералната влада само многу општо коментираше за содржината на видео конференцијата. Владиниот портпарол на Твитер рече дека тоа е „важна размена за многу, многу сериозната безбедносна ситуација во Украина“, во која беше изразено единството на сојузниците. Тие, сојузниците, се подготвени на остар одговор со санкции, доколку има инвазија. Стануваше збор за „спречување војна во Европа“.

Канцеларот Олаф Шолц во понеделникот веќе отпатува за Украина, а во вторник ќе биде во Москва, каде ќе се сретне со рускиот претседател. Во обид да се спречи војната која лесно може да се претвори во Трета светска војна.

Фото: Украинската армија – денес има повеќе оружје од пред седум години

Зошто би се водела таа војна? За тоа веќе се заборавија многу битни детали. Само накусо – се работи за враќање во сила на доктрината на Брежњев за ограничен суверенитет на некогашните членки на Варшавскиот пакт (и на економскиот сојуз – СЕВ) кој дозволуваше „главата на семејството“ да нападне кога сака и без најава било која поединечна членка „која ќе подигне глава“ и тоа со помош на другите лојални содружници. За тоа говореше аналитичкиот текст на украинската амбасадорка во земјава, изложен на тематска дебата на Цивил минатата среда , како и некои други анализи. Посебно место заземаат договорите од Минска 1 и 2, кои се потпишани пред седум години, кога Украина беше во лоша состојба на фронтот, во 2014 година, кога на оваа земја и беа одземени полуостровот Крим и областа Донбас, која зазема над 7 отсто од нејзината територија. Може да го опишеме и понижувачкиот, за Киев, предлог за мир, кој требаше да го разбие единството на западните земји, евентуално поттикнувајќи го чембрленовскиот дух, само тие да го спасат својот комодитет! Но, овој викенд единстото на евроатланскиот сојуз како одново да да се зацврстува.

Светот како да ја доживува одново кубанската криза од 1960 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ