• Latest

Дали имаме корист од „Лајка“? Град Скопје исплаќа до 100.000 денари отштета за каснување од улично куче

November 8, 2022
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дали имаме корист од „Лајка“? Град Скопје исплаќа до 100.000 денари отштета за каснување од улично куче

November 8, 2022 15:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници евра секоја година се одлеваат од градската и од општинските каси по основ на тужби на граѓани коишто биле нападнати од бездомни кучиња. Од година во година и тужбите и побарувањата за отштета само растат, а во последно време секојдневно во полициските билтени има информација за нападнати граѓани.

Според анализите од МВР кои ги побара ЦУК за нападите од улични кучиња во последните три години, во 2020 година има 1.062 напади врз луѓе, во 2021 година има 1.315 пријавени напади, во 2022 година до крајот на октомври 1.283 напади на кучиња. Или, вкупно 3.660 напади за последните три години.

Градот Скопје и јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка“ само минатата година исплатиле речиси еден милион евра како отштета за каснувања од бездомни кучиња.

Против Градот Скопје во 2020 година биле поднесени 480 тужби, за што биле исплатени околу 250 илјади евра, а во 2021 година се исплатени над 400 илјади евра по однос на 589 тужби.

Сумите кои се исплаќаат се од 30.000 денари до 100.000 денари во зависност од повредата и по оценета документација од комисијата во Град Скопје.

Со цел да се реши проблемот со напливот на тужби, но и да се спречат можни малверзации со отштетата, советниците на Град Скопје едногласно усвоија одлука со која пријавите за каснување од куче ќе се решаваат спогодбено, наместо да се влечат по судови.

Расте бројот на нападите од бездомни кучиња

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска информира дека се забележува благ тренд на зголемување на нападите од бездомни кучиња врз луѓе, а ова е заклучок на координативната средба со претставници на МВР, АХВ, на ЗЕЛС, на Град Скопје, на Лајка, на Анима Мунди, Ветеринарна комора и Кинолошкиот сојуз. На средбата се разговарало за овој, како што рече Ангелов, исклучително комплексен проблем кој бара интердисциплинарно решение.

Граѓаните, пак, бараат што побрзо да се решат долгогодишните проблеми со бездомните кучиња по улиците, кои често со или без причина знаат да ги нападнат и децата и постарите лица.

Годишно само во главниот град се евидентираат над 600 случаи на каснати од улични кучиња.  Од почетокот на годинава дури 157 граѓани се пожалиле дека биле жртви на напад на уличните кучиња.

Дури 498 деца нападнати од бездомни кучиња

За да биде состојбата посериозна, од овие напади на бездомни кучиња врз луѓе, 498 се деца. Ако на тоа додадеме дека има одредена бројка на напади кои ги нема забележано во системот тогаш состојбата е уште поалармантна.

Притоа вкупните бројки во последните три години по градови – во Скопје – 1 853 напади од кучиња, во Кичево – 439, Велес – 250, Струга – 177, Тетово – 170, Битола – 149, во Прилеп – 122, Гостивар – 98, Куманово – 75, Охрид – 50.

Од неформални информации, како што посочи Ангелов, во одредени општини бројот на напади е значително поголем од пријавените напади.

– Во Скопје сметаме дека аналитиката и статистиката се најпрецизни, каснатите граѓани се поучени од страна на адвокати дека за секој напад на куче може да добијат одредена оштета што ги мотивира граѓаните да ги пријавуваат сите напади. Ги повикувам сите засегнати граѓани кои ќе бидат нападнати од улично куче да го пријават нападот на бројот 112 од страна на МВР ќе бидат преземени сите соодветни мерки и на тој начин ќе воспоставиме и пообјективна контрола врз бројот на напади на улични кучиња врз граѓани на цела територија на државата, рече Ангелов.

Потребна е масовна стерилизација на кучињата

Стратешки момент на кој треба да работиме организирано, рече Ангелов, е масовна стерилизација на уличните кучиња.

– Потребна е едновремена акција, а кога би била на идеален начин паравена би можеле отприлика за три месеци околу 75 посто од кучињата да бидат стерилизирани. Со 75 посто стерилизација на уличните кучиња нивниот број нагло ќе падне бидејќи нема да можат да се размножуваат, вели Ангелов.

Што прави „Лајка“?

Пред две години се отвори ЛАЈКА – Јавното претпријатие за третман на улични кучиња. Во изминатите две години се сменија тројца директори, но Скопје има се повеќе бездомни кучиња, за што дел е вината во граѓаните, но голем дел и кај градските власти.

Претпријатието е основано од Град Скопје кое извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња.

Работата на прифатилиштето се базира врз законска рамка со голем осврт на активности кои прифатилиштето ги воспоставува за поттикнување на одговорно сопствеништво кон домашните миленици.

Според планот ЈП ЛАЈКА треба да биде првата алатка во синџирот за решавање на проблемот со бездомни кучиња и нивно вдомување за една среќна приказна со цел поттикнување на граѓаните да вдомуваат од прифатилиштето.

Според последните активности на претпријатието, тие во септември почнале да ги пребројуваат бездомните кучиња во Аеродром, како дел од проектот на општината која планира да го спречи проблемот со бездомните кучиња во соработка со ЈП „Лајка“ за што општина издвоила дури милион денари.

Општинските власти на Аеродром во август информираа дека во претходниот период пристигнале многу пријави за истоварање на голем број кучиња скитници од товарни возила со регистарски таблички од други градови.

Соња Танеска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ