• Latest

Дали Иран попушта пред протестите? Најавено е можно укинување на обврската за носење хиџаб

December 4, 2022

Пропустите на факултетите ги оставија студенти без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Дали Иран попушта пред протестите? Најавено е можно укинување на обврската за носење хиџаб

December 4, 2022 12:10
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција. „Моралната полиција нема никаква врска со судството и затоа е укината, изјави главниот ирански обвинител Мохамад Џафар Монтазери, пренесуваат западните медиуми повикувајќи се на новинска агенција ИСНА.

Покрај тоа, Иран соопшти дека ќе го ревидира деценискиот стар закон со кој се бара од жените да ги покриваат главите, бидејќи се бори да ги смири повеќе од двомесечните протести поради строгиот кодекс на облекување. Протестите го зафатија Иран по смртта во притвор на 16 септември на Махса Амини, 22-годишна Иранка со курдско потекло, која беше уапсена од полицијата за морал поради наводно кршење на шеријатскиот закон.

Демонстрантите ги палеа прекривките за глава и извикуваа антивладини слогани. Од смртта на Амини, сè поголем број жени не носат хиџаб, особено во модерниот северен дел на Техеран. „И парламентот и судството работат (на прашањето) дали законот треба да биде изменет, изјави вчера иранскиот државен обвинител Мохамад Џафар Монтазери.

Според ИСНА, тој не прецизирал што може да се смени во законот со одлуката на тие две тела, кои се во мнозински раце на конзервативците. Тимот за ревизија се состана во средата со парламентарната комисија за култура „и резултатите се очекуваат за една или две недели“, истакна државниот јавен обвинител.

Претседателот Ебрахим Раиси вчера изјави дека темелите на иранската република и исламот се запишани во уставот. „Но, постојат методи за спроведување на уставот кои можат да бидат флексибилни“, рече тој во телевизиско обраќање.

Хиџабот стана задолжителен за сите жени во Иран во април 1983 година, четири години по Исламската револуција која ја собори монархијата поддржана од САД. Тоа останува многу чувствително прашање во земја каде што конзервативците инсистираат на тоа дека хиџабот треба да биде задолжителен, додека реформистите сакаат да го остават на индивидуален избор.

Откако хиџабот стана задолжителен со закон, со промената на стандардите за облекување, стана вообичаено да се видат жени во тесни фармерки и широки, шарени шамии. Но, во јули оваа година Раиси, ултраконзервативец, повика на мобилизација на „сите државни институции за спроведување на законот за носење шамии“.

Сепак, многу жени продолжија да ги кршат правилата што им беа наметнати. Во септември, главната реформистичка партија во Иран повика на укинување на законот за задолжителен хиџаб.

Унијата на исламската народна партија на Иран, основана од роднини на поранешниот реформистички претседател Мохамад Катами, вчера побара од властите „да подготват правни елементи кои го отвораат патот за укинување на законот за задолжителен хиџаб“. Опозициската група, исто така, ја повикува Исламската Република „официјално да објави крај на активностите на полицијата за морал“ и „да дозволи мирни протести“, се вели во соопштението.

Иран ги обвинува своите најголеми непријатели САД и нивните сојузници, вклучително Велика Британија, Израел и курдските групи надвор од земјата, за поттикнување улични протести кои Владата ги нарекува „немири“.

Генерал во иранската Исламска револуционерна гарда оваа недела, првпат изјави дека повеќе од 300 луѓе ги загубиле животите во немирите по смртта на Амини. Највисокото тело за безбедност на Иран, Врховниот совет за национална безбедност, вчера соопшти дека бројот на убиените за време на протестите „пречекорува 200“.

Невладината организација Иран Хјуман Рајтс со седиште во Осло во вторникот соопшти дека најмалку 448 луѓе биле „убиени од безбедносните сили во протестите кои се одржуваат низ целата земја“.

Официјалниот претставник на ОН за човекови права Волкер Турк минатата недела изјави дека 14.000 луѓе, меѓу кои и деца, биле уапсени при задушувањето на протестите. Кампањата на апсења вклучува спортисти, познати личности и новинари.

Меѓу последните луѓе кои беа уапсени беше филмската ѕвезда Митра Хаџар, која вчера била приведена во нејзиниот дом, пишува реформистичкиот весник „Шарг“. Врховниот совет за национална безбедност соопшти дека покрај човечките жртви, насилството предизвикало штета проценета на неколку милиони долари.

Г.Т.

Tags: жениИранПротестиукинувањеХиџаб
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ