• Latest

Дали црквата има право да го крши законот?

July 8, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дали црквата има право да го крши законот?

July 8, 2017 09:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската православна црква ги демантира обвинувањата дека Скопската православна епархија извршила набавка на пловен објект во вредност од 180.000 евра.

„Станува збор за пловен објект кој е во сопственост на фирмата ‘Сис Травел Груп’, донесен на чување во манастирот Калишта, а од сопственикот на фирмата е дадена согласност и манастирот да го користи по потреба“, стои во демантот на МПЦ.

Од охридската Капетанија велат дека се информирани за пловниот објект. Тие потврдуваат дека како увозник на пловниот објект се јавува фирмата „Сис Травел Груп“ и дека истото е во постапка на регистрација.

Во моментов, пловниот објект, поточно, луксузниот глисер е паркиран на пристаништето на хотелот „Бисер“, а според дел од медиумите, монасите земаат часови за обука од вработени од Капетанијата! Од Капетанијата, пак, велат дека немаат информации за тоа дали монасите земаат часови за обука.

Демантот на МПЦ, за сопственоста на пловниот објект, сепак, не го оспорува фактот што монасите го кршат законот, управувајќи со чамецот кој сè уште не е регистириран и без соодветна дозвола за управување. Горан Устијановски, капетан на охридската Капетанија вели дека има информација дека монасите управувале со чамецот, но и дека ќе бидат соодветно санкционирани, тогаш кога ќе ги затекнат.

За потребата од користење на вакви луксузни пловни возила, како и за прекршувањето на законот од монасите, зборувавме со едно свештено лице, кое за ЦИВИЛ Медиа вели дека не е невообичена потребата од пловни објекти, особено на оние манастири кои се наоѓаат покрај вода. Тој вели дека многу поважно е прашањето, дали навистина има потреба тие да бидат толку скапи и луксузни.

Од нашиот соговорник побаравме коментар за сè почестите обвинувања за расипништво на свештените лица. „Онаму каде нема можност да се врши контрола, има простор за расипништво“, вели тој, повикувајќи се на нетранспарентноста на МПЦ за финансиското работење.

За однесувањето на монасите и кршењето на законот, свештеникот ни изјави: „Некој им дозволува. Црквата има одговорност да ги почитува законите! Тие имаат одговорност пред оние кои го спроведуваат законот!“

Се прашуваме, доколку Капетанијата не успее да ги затекне монасите како го прекршуваат законот, дали казната ќе ги стигне на оној свет?

Маја Ивановска 

Tags: демантзаконлуксузМПЦпловен објектцрква
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ