Екипа на Министерството за надворешни работи на Србија задолжена за надзор на работата на нашите амбасади и конзулати во светот, започна со вонреден надзор на работата во дипломатско-конзуларните претставништва, пишува „Вечерњи новости“.
„Контролорите“ до сега ненајавено ги посетиле амбасадите во Виена и Братислава, а предвидено е во наредниот период да се проверат што повеќе дипломатски „филијали“ не само во Европа, туку и на подалечни дестинации.
Екипата подготвува детален извештај за секој надзор кој, со препораки, се доставува на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Како што пишува „Новости“, сите неправилности ќе бидат регистрирани, а во зависност од евентуалните пропусти, ќе има сериозни санкции, додека, пак, таму каде што надзорот ќе покаже дека „се е под конец“ ќе следат награди за амбасадорите.
Според весникот, се проверува се – од финансиите до безбедноста на дипломатско-конзуларните претставништа, како и нивото на комуникации кои ги остваруваат со останатите земји.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.с