• Latest

Датум за севкупна европска свадба (2)

June 7, 2019

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Датум за севкупна европска свадба (2)

June 7, 2019 12:04
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

продолжение на колумната „Датум за европска свадба“…

Настрадин Оџа: (од под чалмата, му ги подава мустаќите на Рафаел Камхи). Повели Јудах Мозес, ги заслужи.

(Јудах Мозес бен Москони ги зема густите и оштри мустаќи, и со гордост ги става под гордиот орлов нос, и продолжува како Рафаел Камхи)

пишува: Агрон Биба
пишува: Агрон Биба

Рафаел Камхи: Во оваа поодмината ера на турски телевизиски серии, каде секое женско во Македонија сонува за машки бркови, дозволете да ви раскажам за една солунска случка која започнува во Богданци. Да, градчето до Гевгелија. Јас тогаш живеев во балканскиот Ерусалим, Солун, кој тогаш броеше триесет и две синагоги, триесет и две џамии и осумнаесет цркви. Јас живеев веднаш до битолската синагога. Во центарот на случката е Стефана, младо моме од Богданци, која на 6 мај 1876 година, патува со воз од Гевгелија за Солун, каде што од локалната османска власт треба да земе валиден документ кој потврдува дека по своја воља одлучила како Хрисавѓи од охридската песна за Осман Бегот. Но, како и во секоја турска, шпанска, грчка, француска, индиска или нигериска телевизиска сапуница, така не мислела нејзината мајка. Мајка и на Стефана, дошла од Богданци во Солун за да ја спречи својата ќерка да менува вера. Во тргањето и дрпанјето на фереџето од главата на Стефана мома, од Богданци, настануваат немири по Солунските улици, и како најдобар и најубав пример и доказ дека Солун е вистинскиот Балкански Ерусалим, верските и национални поделби на солунската македонска овошна салата завршуваат со многу тепачки и осум убиени. Шест солунски муслимани се казнети со бесилка, затоа што биле осудени за главни виновници за убиствата на германскиот конзул Ерик Абот и францускиот конзул Жул Мулин. Сите светски весници известуваат за случката со Стефана, мома од Богданци, која беше причина и себеп за раздвижувањето на француската флота, италијанската и руската флота, кој беа спремни да го нападнат Солун, поради насилството кое го извршија солунските муслимани врз солунските христијани.

Итар Пејо: Пријателе Рафаел, зборуваш за солунските муслимани и за солунските христијани. Што се случуваше со вас, со солунските евреи, кои бевте 53% од солунското население, бевте мнозинство.

Рафаел Камхи: Ние бевме уплашени од можната војна.

Настрадин Оџа- итар мој пријателе Пејо. Чудна работа со нашиот пријател на масава. Веднаш, само што ги стави мустаците и стана еден од најистакнатите ВМРО-вци, битолчанецот Рафаел Камхи познат по прекарот Скендербег, веднаш им се заканува на амбасадорите во Скопје. Прави листа со нивни имиња и слики, како таа зимска вечер на долгите ножеви во 2016 година.

Рафаел Камхи: Те молам ефенди Настрадин, немој да ме судиш предвреме. Јас, Рафаел Камхи од Битола, ќе земам празно шише од минералната вода пелистерка. Со тоа шише, ќе одам во француската амбасада да побарам вода за жедни. Со таа вода ќе ги поливам гробиштата на француските војници во Скопје и Битола, да знаат дека животот не го дадоа залудно. Како што Наполеон имаше намера да ја покори и освои цела Европа, за цела Европа да биде Париз, така и тие војници ги положија своите животи, за да цела Македонија и сите нејзини жители, еден ден, овој кој што ни се насмевнува, целата географска Македонија се обедини во заедничката Европска Унија. Ако Француската Република не гласа за датум за преговори за Република Северна Македонија, и после Преспанскиот Договор….тогаш тие нема да не изневерат нас, преуморените и жедни за француска демократија, нас македонските граѓанки и граѓани, туку Француската Република ќе ги изневери своите француски војници кои почиваат во македонската почва.

Настрадин и Итар Пејо не рекоа ништо. Разбрав дека ме чекаат да продолжам. Тогаш, го извадив резервниот мозок, мобилниот телефон од џебот. Директно се поврзав на јутјуб. Напишав, сиен драхмас ал диа. (Заработувам сто драхми на ден, кажи и на мајка ти, има свадба Македонија).

https://www.youtube.com/watch?v=O2siNjpiyKY

 

[divide]

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

 

Share78Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ