• Latest

Давидовиќ: Диневски е последица на нефункционирањето на судството

November 20, 2017

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Давидовиќ: Диневски е последица на нефункционирањето на судството

November 20, 2017 16:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Александар Диневски, еден од обвинетите во случајот „Шпион“, моментално се наоѓа на лекување, откако во петокот беше приведен за доиздржување на казна затвор, вели Звонко Давидовиќ, адвокат на обвинетиот во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

Во интервјуто Давидовиќ одговора на прашањето на ЦИВИЛ Медиа како дојдовме во ситуација, кога обвинет во политички монтиран случај, констатација на тогашната опозиција и сегашна власт, невладините организации кои се борат за човекови права и меѓународната заедница, да биде вратен на издржување на казната и зошто овој пат освен реакции на социјалните мрежи, власта не е премногу заинтересирана за состојбата на Диневски.

Според Давидовиќ, оваа ситуација со Диневски пред сè се должи на бавното спроведување на реформите во судството.

„Состојбата во судството е таква, што реформите сè уште не се почнати. Сега сме во ситуација кога знаеме што е правда и што е правичност, но не можеме тоа да го примениме во пракса, затоа што кадровските промени, суштинските промени не се направени“, вели Давидовиќ.

„Друго е прашањето за тоа дека за овој и за други вакви политички монтирани случаи тогашната опозиција имаше сериозни индикации дека не се во ред, а не се направи напор на време, пред да дојде до оваа ситуација, да се изврши ревизија на тој предмет“, истакна тој.

Давидовиќ вели дека кај Диневски којшто многу пати работел за доброто на оваа земја, којшто јавно откри снимени разговори и беше еден од осумтемина коишто први бараа демократизација во МВР уште во тоа време, е просто неверојатно да се обвини за шпионажа, без притоа да се дадат јасни и цврсти докази за такво нешто.

„Она на што апелирам, е што поскоро да се направат реформите, како во делот на правната регулатива, но и кадровските промени. Еднаш засекогаш да воспоставиме систем, правила на игра и на однесување, за да не ни се случи повторно она што ни се случуваше, затоа што последиците ќе ги чувствуваме уште долго време. Диневски е само последица на функционирањето на судството во изминатиот период“, заклучува Давидовиќ.

Дехран Муратов / Маја Ивановска

 

 

Tags: Александар ДиневскизатворЗвонко ДавидовиќШпион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ