• Latest

Давкова на Самитот за иднината побара длабоки реформи во ОН како одговор на глобалните предизвици

September 23, 2024
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Давкова на Самитот за иднината побара длабоки реформи во ОН како одговор на глобалните предизвици

September 23, 2024 09:08
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Крајно време е за соочување со грдата реалност на војни, природни катастрофи, енормна сиромаштија, нееднаквост и нерамноправност, кршење на меѓународното право, па дури и на JUS GOGENS, практикување на правото на мажите, наместо владеење на правото, жртвување на правдата, етиката и моралот заради профит и моќ, истакна вчера вечер претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на Самитот на иднината во Обединетите Нации во Њујорк.

Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, Сиљановска Давкова се залага за длабоки реформи на ООН кои, како што вели, мора да се бараат со осмислена решителна акција.

– Храбрите потфати се неможни без длабоки реформи во ООН, зајакнат мултилатерализам во одлучувањето, развиен механизам на спреги и кочници во односите меѓу генералниот секретар, Советот за безбедност и генералното Собрание, поголема инклузивност и транспаретностна процесот на одлучување, како и решителност и ефикасност во справувањето со енормните закани за мирот, одржливиот развој и човековите права, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Според неа, потребни се структурни, функционални, меритократски, демократски реформи, а треба да се зајакне и улогата на Генералното собрание, како претставничко тело на нациите.

-Меѓународиот суд на правдата мора да добие посилна улога, а неговите пресуди, да станат задолжителни за сите. Мора да се воспостави поинтензивна соработка и партнерство со граѓанското општество, да се зголеми транспаретноста на работата на сите органи и тела. Не мислам дека проширувањето на Советот за безбедност со неколку нови постојани членови, со ексклузивно право на вето, само по себе ќе значи поголема гаранција за мирот, за безбедноста иако ми е јасно дека односот на силите на глобалната сцена, денес не е оној од 1945 година. Како претставничка на мала држава, верувам дека во овој орган треба да се зголеми учеството на помалите држави за да се заштитат од реалната опасност од поголемите. За таа цел, Советот за безбедност го замислувам како своевидна светска коалициона влада, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Повелбата на ООН останува темелен акт, устав на нациите со највисока правна сила, но и своевидна универзална повелба, односно општествен, меѓудржавен и меѓунационален договор.

Претседателката побара да се стави крај, како што нагласи, на непочитувањето, заобиколувањето и селективната примена на повелбата, како во македонскиот случај.

-Запоадниот Балкан од каде што доаѓам е климатски ранлив регион, што бара регионална стратегија и одговор, но и активна соработка со ЕУ и агенциите на ООН во потрага по обновливи извори на енергија, рече Сиљановска Давкова, информирајќи ги учесниците на самитот дека Агендата 2023 е интегрирана во македонската национална стратегија за развој, како и дека новоформираното Министерство за дигитална трансформација е соодветен институционален одговор на современите дигитални предизвици и претставува хармонизација со глобалниот дигитален договор.

Претседателката рече дека се залага посебно внимание да им се посвети на лицата со посебни потреби, лицата од сите ранливи категории, како најизложени на дискриминација. – Како потписници на Истанбулската декларација, врз основа на која го усвоивме Законот за превенција од заштита од дискриминација и Законот за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, високо се позициониравме во нивната заштита, рече таа истакнувајќи дека се залага за повеќе жени на највисоки функции и ги реализира тие заложби.

Најави дека соочени со егзодутот на младите ќе формира совет за млади и совет за дијаспора.

-Верувам дека Пактот за иднината, Глобалниот дигитален договир и Декларацијата за иднината се солидна и инасоиративна рамка за трасирање и градење иднина во која мирот, просперитетот и правдата нема да бидат „wishful thinking“ туку реална основа за акција, рече Сиљановска Давкова нагласувајќи дека глобалните предизвици бараат глобален усогласен договор и одговор.

Самитот на иднината официјално започна утринава по американско време. И покрај руските напори да го попречи договорот, меѓународната заедница усвои план за реформи на ОН.

Претседателот на Генералното собрание на ОН, Филемон Јанг, го прогласи Пактот за иднината на Обединетите нации за формално усвоен – против волјата на Москва и на неколку други држави.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН. Во составот на нашата делегација се и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Tags: Гордана Сиљановска ДавковаООНпретседателка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ