Categories

ОТЧЕТ Дехари за 100 дена нов мандат даде отчет пред кичевчаните во Швајцарија

Министерот за економија  Крешник Бектеши и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари минатитот викенд пред македонските иселениците во Швајцарија ги презентирале започнатите проекти на Општина Кичево меѓу кои и подготвеноста на општинската администрација да овозможи логистика за сите кичевчани кои се успешни на бизнис сверата во Швајцарија.

Министерот Бектеши детално ги информирал иселениците за поволностите што ги пружа новата реформска Влада и најавил дека вакви средби ќе се организираат и со печалбарите од другите западни земји. Целта на овие средби со печалбарите според бектеши е да се помогне да се донесат што повеќе инвеститори во Кичево за да се отворат нови работни места за да се спречи иселувањето на младите од замјава
Print Friendly, PDF & Email