• Latest

Дебата: Евроинтеграциите треба да бидат темата што ги обединува линиите на сите политички субјекти, бидејќи тоа е државен проект кој бара широк консензус и заедничка волја

April 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дебата: Евроинтеграциите треба да бидат темата што ги обединува линиите на сите политички субјекти, бидејќи тоа е државен проект кој бара широк консензус и заедничка волја

April 22, 2025 14:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членството  во ЕУ е единствена алтернатива на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Реформската агенда е повеќе од листа на реформи туку стратешка рамка со јасни цели и утврдени рокови, но најважно од се таа е патоказ на земјата кон институционални социјални и економска трансформација. Собранието ја има клучна улогата во нејзината имплемнетација и треба да покаже визија и мудрост со сеопфатна соработка серизоност и искрена волја за реформи во интерес на граѓаните и државата.

Ова го истакна Африм Гаши, претседателот на Собранието на денешната заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции на која се одржа дебата за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027. Тој нагласи дека не станува збор само за исполнување на некои обврски туку за исклучителна можност за унапредување на демократијата, за гарантирање на владеење на правото и изградба на силни институции кои ќе им служат на граѓаните, а имајќи ја предвид суштинската улога на Собранието како претседател на оваа инстуција изрази целосна подготвеност секоја законска иницијатива и реформа да биде разгледана и третираната со максимален приоритет.

-Собранието ќе остане постојан партнер во овој процес. Евроинтеграциите треба да бидат темата што ги обединува линиите на сите политички субјекти, бидејќи тоа е државен проект кој бара широк консензус и заедничка волја. Знаеме дека граѓаните се уморни од ветувања и очекуваат резултати од нас, токму поради оваа причина реформската агенда е можност да им се докаже на граѓаните дека интегративниот процес не е кампања и не е утописки стремеж туку конкретен напор. Треба да признаеме дека по усогласувањето на нашето законодавство со она на ЕУ, се докажа дека за нас вистинските предизвици во овој процес никогаш не биле реформските прашања туку, за жал идентитеските прашања. Нашиот пат кон ЕУ не беше лесен, бараше и бара исклучителна пожртвуваност, но ова е единствениот пат кој вреди. Овој пат бара храброст за промена, трпение за соочување со предизвиците и препреките и предвидливост и мудрост за обединување на нашите сили. Потполно сум убеден и тврдам дека на крајот од овој тунел блеска една европска држава, рече Гаши порачувајќи дека ова е моментот државата и сите политички сили да продолжат напред со сеопфатна соработка серизоност и искрена волја за реформи.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграција Венко Филипче во своето обраќање оцени дека премногу долго трае нашиот пат кон ЕУ, сме дале многу жртви, но не сме виделе многу голем резултат.

-Причините сите ги знаеме, но се поставува прашањето треба ли сега да  се откажеме. Имам впечаток дека иако сме административно можеби поблиску, вредносно сме подалеку од ЕУ. Треба да се направи споредба со некои земји од соседството кои станаа членки на ЕУ, како тие имаа пристап до сериозно големи европски фондови и се менуваа пред нашите очи, рече Филипче посочувајќи на Бугарија, Романија.

Како земја кандидат, посочи ние имаме пристап само до претпристапните фондови – ИПА инструментот, а во истиот период Бугарија и Романија добиле 46 милијарди евра од европските развојни фондови или во проценти ние земјите од Западен Балкан во просек сме добиле околу 5 отсто од БДП по глава на жител, а тие 25 проценти. Сега за перидот од 2024 до 2027 година тие добиваат 41 милијарда евра, а за регионов околу 7-8 милијарди евра.

-И тоа е клучот на работите, не постои ниту еден друг извор на средства ниту заем кој што ќе вложи во клучната работа а тоа е човечкиот капитал, и само така ќе видиме видливи резултати, кога ќе инвестираме во отворена економија, економија базирана на знаење, во системот на едукација поради тоа што резултатите од испитувањето на улениците се поразителни и ПИСА и ТИМС тестот, на дното сме во Европа и во свтеот, децата се практично неписмени. Време е да гледаме низ една друга перспектива, да влезме, да работиме и да се бориме што и да е на масата, каква и пречка да биде пред нас исправена, мораме да се обединими поради тоа кога сме заедно ги обединуваме сите капацитети и нема нешто што не може да совладаме. Најлошото сценарио е сите овие  проблеми да ги оставиме настрана и да ги решаваат следните генерации, оти тоа никој нас нема да ни го прости, порача Филипче.

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Антонијо Милошоски го поздрави фактот дека од ЕУ земјата ја доби пофалбата дека по однос на Реформската агенда беше прва во регионот во однос најзиното составување и првичните резулати. Вели треба да бидеме основано критични за да ја зголемат продуктивноста на извршната власт во спроведување на реформската агенда. Како Собрание треба да дадеме поддршка на реформите, рече тој, и во наредниот период да се зајане контролната функција на законодавниот дом во спроведувањето на реформсакта агенда преку која ќе се цени нашиот напредок пред се, преку што повеќе надзорни и јавни расправи. Тој ја потенцира и состојбата на внатрешни реформи во ЕУ.

-Во моменти кога Македонија работи на својата Реформска агенда, не треба да бидеме изненадени дека и самата ЕУ работи на нејзината реформи, и некогаш од политички аспект не се поклопуваат, затоа што ако целта на Македонија е како побрзо да се реформира за да биде поспремна да стане членка на ЕУ, некои земји ченки внатре во ЕУ отворено најавуваат дека Унијата во моментов не е спремна за за полноправно проширување со други земји членки и дека ЕУ мора да работи на сопстрвената реформска агенда како да го реформира сопствениот систем, бројот на комесари, бројот на европратеници, начинот на одлучување, конзенсуз, квалификувано мнозинство и тоа како што ќе одземе време за нашата реформска агенда да ги исполниме поставените цели и обврски, сигурен сум дека и на ЕУ ќе и одземе одрдено време внатре да може да се рефиорма, а потоа да се надеваме дека ќе може и да го направи чекорот дека е подготвена да прими нови членки, рече Милошоски, порачувајќи дека нашата агенда која вклучува 136 чекори од декември 2024 до авгуѕст 2027 – и 60 законски и подзаконски акти не може да биде успешно реализирана без конструктивен придонес од опозицијата.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани истакна дека Собранието знае подобро од која било друга институција дека евроинтеграцијата бара реформи и неподелена политичка посветеност. Реформската агенда не е само документ туку заедничка амбиција кон потранпарентно и поправично општество, а улогата на Собранието во тој процес е круцијална.

-Нашата визија е јасна Северна Македонија интегрирана во европското семејство со силни институции компетитивна економија и обединето општество. Постигнувањето на оваа визија зависи од вашата поственост и несебична поддршка. Како министер за ев пра и координатор на инструментот за раст ве уверувам во мојата целосна посветеност на оваа стартешка цел. Експертите во МЕП и јас сме на располагање во секое време заеднички да работиме да ја искористиме оваа историска можност и не само што ќе ги исполниме евроспките стандарди туку ќе ги примениме европските вредносто кај нас, потенцира Муртезани.

Швајцарската амбасадорка Вероник Улман се обрати во свое и во име на Шведска кои даваат силна поддршка на евроинтегративниот пат на змејава. Таа нагласи дека очекувањата кон политичарите се високи, и оти во однос на реформската агенда Собранието има важна улога во однос на усвојување на правото на еу, зајакнување на контролата на исвршната власт и на демократскиот развој, како и во поттикнување на политичкиот консензус.

Бен Нупнау, заменик-амбасадор во Делегацијата на ЕУ во земјава и честита на земјава бидејќи е првата што го потпиша договорот за претфинансирање на Планот за раст и реформската агенда, како кредибилен начин за напредок во иднината. Реформската агенда додаде тој, не е суптитут за членството во ЕУ, туку алатка за зајакнување на европските политики и практики во работата на Владата, за модернизирана економија и изградба на што поповолна бизнис клима и приста до единствениот европски пазар.

-Предвидените реформи се проблематика што се приоритет со години. Сега е време за одлучна акција од страна на Владата и на Собранието… Следи мониторинг, евалуација со МФ, со донаторите е од клучно значење. На овој начин ќе се постигне комплементароност и зајакнати ефекти од Реформската агенда. Затоа е потребен консензус за клучните политики и законодавни мерки. Тоа ќе му овозможи на Собранието да планира однапред, да ги приоритизира најважните реформи. Комсијата за европски прашања и НСЕИ имаат многу важна улога во овој процес за да се обезбеди делотворна и навремена имплементација на реформите. ЕУ останува посветена на олеснување на патот кон приклучување кон ЕУ и што поголем степен на конвергенција кон економските стандарди, кажа Нупнау.

На тема „Реформите како заедничка одговорност: Градење консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“ говореше и Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ и експерт на УНОПС.

Според планот за раст за Западен Балкан од 6 милијарди евра, Северна Македонија треба да добие 750,4 милиони евра покрај тековните ИПА програми кои надминуваат 500 милиони евра во чисти грантови за финансирање. Земјата е прва која ја доби првата транша од 52,4 милиони евра од претфинансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од Европската унија. 

Извор: МИА

Фото: Принтскрин

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ