• Latest

Дебата за миграција, безбедност и хибридни закани на тинк тенк форумот во рамки на Берлинскиот процес

March 9, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дебата за миграција, безбедност и хибридни закани на тинк тенк форумот во рамки на Берлинскиот процес

Миграции, безбедност и хибридни закони, владеење на правото и иднината на Европа се теми кои ќе бидат дебатирани денеска на панелите на тинк тенк форумот што се одржува во Скопје во рамки на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за 2020 година на Бугарија и Северна Македонија.

March 9, 2020 08:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Миграции, безбедност и хибридни закони, владеење на правото и иднината на Европа се теми кои ќе бидат дебатирани денеска на панелите на тинк тенк форумот што се одржува во Скопје во рамки на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за 2020 година на Бугарија и Северна Македонија.

Организатори на форумот насловен „Стимулирање стратегиска автономија. Придонесот на Западен Балкан кон заедничка европска иднина“ се Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), во соработка со софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешни работи (ЕЦФР).

На Форумот учествуваат претставници на тинк тенк заедницата, на граѓанското општество и академици од Западен Балкан и земјите од ЕУ, кои ќе дебатираат на посочените теми од различни области и предизвици што произлегуваат од Берлинскиот процес.

Марко Трошановски претседател на Институт за демократија „Соцетас Цивилис“ на отворањето на тинк тенк форумот вчера истакна дека земјите од Западен Балкан се составен дел од Европа и треба да се сметаат за сериозни партнери во европските прашања.

-Агендата и сеопфатниот наратив на тинк тенк форумот 2020 го препознаваат Западен Балкан како рамноправен партнер на масата на ЕУ. Само заедно, европејците можат да работат кон целта на стратешката автономија, што ја истакнуваме како посакувана идна стратегија за улогата на ЕУ во светот. Предизвиците и промената на глобалните структури бараат силен и унифициран наратив од ЕУ, засилен со политичка волја и материјални капацитети. Само ако се обедини во наративот и дејствувањето, ЕУ може со сигурност да влијае на глобалните динамика, рече Трошановски.

Штефан Лене, вонреден професор на Carnegie Europe во Брисел и алумни на Europe’s Futures, осврнувајќи се на процесот на проширување рече дека е дојден до момент кога влегува во нова фаза на трансформирање на проширувањето во еден геополитички процес.
-Ова е таа трета фаза – геополитичко проширување. Останува да видиме дали е ова доволно за да се обнови енергијата во овој процес. Лично сметам дека методологијата содржи корисни и интересни идеи, но истовремено мислам дека клучното прашање е дали може да ги убедиме земјите-членки повторно да му дадат енергија и да го туркаат напред овој процес, оцени Лене.

Според него, колку интеграцијата на ЕУ е подлабока, толку Унијата е поотпорна, на полето на трговија и други области.

-Иднината на Западен Балкан во ЕУ зависи од тоа дали оваа втора центрипетална динамика ќе преовлада, бидејќи ако притисокот води кон повеќе поделби, тогаш идејата за идно проширување ќе биде тргнато од масата. Но ако го погледнеме Западниот Балкан во поглед на општата позиција и изнаоѓањето на партнерства заради заштита на, како што се нарекува, европскиот начин на живот, тогаш мислам дека процесот ќе продолжи, заклучува професорот Лене кој во обраќањето се осврна на сите предизвици со кои е соочена ЕУ во моментов.

Утре на последниот ден од форумот предвидени се два заеднички панела меѓу министрите, односно претставниците на министерствата за надворешни работи на земјите-учеснички во Берлинскиот процес и учесниците на тинк тенк форумот. Двата панела ќе бидат затворени за прашања и коментари од публиката. Учесниците ќе се обратат на панелите врз основа на прашањата поставени од соодветните претседавачи на панелите.

Средбата на министрите за надворешни работи утре во Скопје како дел од заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за Западен Балкан 2020 година на Република Бугарија и Република Северна Македонија, ќе биде неформална во т.н. „ГИМНИХ“ формат, вклучувајќи ги и министрите од шесте земји од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ од Берлинскиот процес, како и претставници на ЕК, ЕЕАС и РСС.

По најавената нова методологија за пристапни преговори и во пресрет на Советот за општи работи во март, средбата ќе се искористи, меѓудругото, и како можност за дискутирање на европските перспективи на шесте земји од Западен Балкан (ЗБ6).

Северна Македонија е прва од земјите од Западен Балкан, која заедно со Бугарија како земја членка на ЕУ се јавува како ко-претседавач на Берлинскиот процес. Процесот е покренат на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, а првата конференција се одржа во Берлин во 2014 година. Целта е интензивирање на регионалната соработка во областа на екононскиот развој и инфраструктурно поврзување во контекст на евроинтеграцијата.

Дванаесет месечното претседавањето со процесот Северна Македонија и Бугарија го презедоа лани во Познањ, а ќе финализира во јули годинава со годишниот самит кој заеднички ќе биде организиран во Софија и Скопје.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ