Дебата на тема „Саморегулација во медиумите – состојби, предизвици и можности“ ќе се одржи денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).
Претставниците на Советот за етика во медиумите кои ќе присуствуваат на дебатата ќе зборуваат за значењето и перспективите на саморегулацијата, како и за досегашните искуства и практики на ова тело.
Настанот ќе биде искористен и за дискусија за најчестите тенденции на прекршување на стандардите во известувањето, како и за начините на кои дејствува СЕММ во врска со случаите на непрофесионално и неетичко новинарство. Исто така, граѓаните ќе бидат запознаени со механизмот за поднесување жалба до Комисијата за жалби при СЕММ.
извор: МИА