• Latest

24 ЧАСА: Мајтапење со Уставот; предупредувачки реакции од меѓународната заедница; ОЈО со кривична за три лица за оштетување на ФЗО од 600.000 евра

May 13, 2024

Скопјани ќе добијат субвенции за инвертер клими

December 4, 2025

Гаши: Собранието светна во портокалова боја – за секоја жена и девојка без насилство и страв

December 4, 2025

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија

December 4, 2025
Фото извор: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Без гаранции од ЕУ, и утре да ги внесеме Бугарите во Устав – прашање е само кога ќе дојде новиот услов

December 4, 2025
Проф. Оливие Ведрин (фото извор: LinkedIn профил на Авторот)

Назад во балтичките држави

December 4, 2025

Кривична за Костадинов за набавка на електрични автобуси, екс-градоначалникот на Струмица ги отфрла сите сомнежи

December 4, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Корупцијата цвета: Секој трет граѓанин платил за „услуга“, судиите и обвинителите на дното на довербата!

December 4, 2025

24 ЧАСА: Северна Македонија со поддршка на резолуцијата на ОН за враќање на украинските деца; Русија киднапира украински деца и ги праќа во Северна Кореја; Се лизна ли бугарската влада на нафтата на „Лукоил“?“

December 4, 2025
Novichok poison attacks in Salisbury
Source- screenshot BBC

Путин го одобрил труењето со Новичок на поранешниот руски шпион Скрипал во 2018 година, според британската истрага

December 4, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за поддршката на резолуцијата на ОН за враќање на украинските деца

December 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Мајтапење со Уставот; предупредувачки реакции од меѓународната заедница; ОЈО со кривична за три лица за оштетување на ФЗО од 600.000 евра

May 13, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија вчера го доби шестиот претседател и воедно прва претседателка од осамостојувањето, Гордана Силјановска Давкова. Петгодишниот мандат го почна со свечена заклетва и обраќање во Собранието откако ден претходно од Државната изборна комисија го доби уверението за Претседател по објавените конечни резултати од Претседателските избори 2024.

Во свечената изјава Сиљановска-Давкова не го употреби уставното име на државата – Северна Македонија, туку рече Македонија, што предизвика бројни реакции од меѓународната заедница, а грчката амбасадорка Софија Филипиду, која заедно со колегите амбасадори дојде да ја проследи седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова, ја напушти пленарната сала во знак на протест.

РЕАКЦИИ

ЕУ изразува жалење што новата претседателка на Северна Македонија не го употреби уставното име на државата на денешната церемонија

МНР на Грција: Флагрантно кршење на Договорот од Преспа, напредокот на Северна Македонија во ЕУ зависи од спроведување на Договорот и употребата на уставното име

САД: Откако ќе се формира нова влада и ќе се избере премиер, ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори и придобивките од напредокот на државата со полноправно членство во Европската Унија“

МНР на РСМ: Внимателност од државните функционери – со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Лога – МП: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска

ВЛЕН: Претседателот на Републиката мора да биде пример за почитување на Уставот, особено кога станува збор за професорка по уставно право

Од Кабинетот на Претседателот пристигна став во врска со употребата на името Македонија од страна на претседателката Гордана Силјановска Давкова.

„Претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.“, се наведува меѓу другото во соопштението.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија

„Провокативниот избор на новата претседателка на Северна Македонија да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја нарече земјата со различно име претставува нелегална и недозволива иницијатива.“, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СЛОБОДА НА МЕДИУМИ Меѓународни групи за слобода на медиумите ги повикаа Тошковски и Мицкоски да престанат со малтретирањето на новинарот Фуркан Салиу.

ПРАВДА До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против три лица од Тетово осомничени дека го оштетиле ФЗО за над 600 илјади евра.

ОБРАЗОВАНИЕ Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR) ја објави листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, на која државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје е рангиран на 1.990 место.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Продолжуваат жестоките одбранбени битки на голем дел од пограничната област на регионот Харкив, објави украинскиот претседателот Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање до нацијата.

КОНФЛИКТИ

ГАЗА – Околу 360.000 луѓе го напуштиле најјужниот град во Газа, Рафах, во изминатата недела, според главната агенција на ОН за помош во Газа, пренесува Си-Ен-Ен.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Изоставувањето на „Северна“ на Силјановска Давкова предизвика реакции и говор на омраза

Експлицитен говор на омраза и повици за апсење на поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, поради неговата реакција дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова практично ѝ објави војна на Грција со тоа што при инагурацијата одби да го употреби новото уставно име на државата.

СЛОБОДНА ЗОНА

Инаугурацијата на Путин бојкотирана од Западот, ја удостоија „специјалните гости“- Стивен Сигал, Патријархот Кирил, чеченскиот сатрап Кадиров и водач на моторџиска банда, од Драган Мишев.

Само што отсега натаму, прпелкањето во сопствената ментална атрофија, ќе ни се случува онака – Гордо, По допрен глас, од Зоран Иванов.

Другиот образ, Злото и шифоњерот, од Борко Зафировски.

Опасен скандал на инаугурацијата на новата претседателка, Брза пошта од Љубомир Костовски.

Инаугуративното обраќање на Претседателката: Бла, бла, Македонија, бла, бла, Мицкоски, Мицкоски, Мицкоски, бла, бла, жени…и толку, од Драган Мишев.

Подготви: Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога надзорот се продава како безбедност

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ