Делегација од Министерството за внатрешни работи предводена од началникот на Секторот за меѓународна полициска соработка Рефик Черими, заедно со помошник министерот на Одделот за Европска Унија и меѓународна соработка Муамет Реџепи, началничката на Националното централно биро Бранислава Стојчевски и началничката на Секторот за односи со јавност и протокол Наталија Спирова од денеска, 18.10.2022 до 21.10.2022 ќе го претставува Министерството на 90. Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ што се одржува во Њу Делхи, Индија, информираат од МВР.
Годинава, за првпат Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, преку кандидатурата на началничката на Националното централно биро Бранислава Стојчевски, има и свој претендент за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ.