На прашањето на ЦИВИЛ Медиа кого би смениле од Владата доколку имаат можност, двајца пријатели со спротивставени мислења. Едниот смета дека цела Влада треба да се смени, додека другиот смета дека Владата работи како што треба.
„Да бидам премиер сите комплет би ги сменил од Владата, освен професорот по Економски само тој е добар“, вели едниот, додека другиот се надоврзува дека премиерот Заев ги менува министрите што не чинат, додавајќи „добра е владата“.
Дебатата на клупа во плоштадот Македонија меѓу двајцата другари се разви кога едниот кажа дека Владата има постигнато нула резултати особено на економски план, а другиот му реплицирал дека политика и економија не одат заедно и дека владата има над 50 посто поддршка.
Обработка на текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента