• Latest

Ден на германското единство, Украина ослободува територии, според Политико и Блумберг политичката криза во Бугарија ќе потрае

October 3, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Ден на германското единство, Украина ослободува територии, според Политико и Блумберг политичката криза во Бугарија ќе потрае

October 3, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕН НА ГЕРМАНСКОТО ЕДИНСТВО – DEUTSCHE EINHEIT 

Денеска се одбележуваат 32 години од обединувањето на Источна и Западна Германија, по падот на Берлинскиот ѕид. Оваа година, тридневен фестивал во градот Ерфурт се одржува во сенка на војната во Украина и енергетската криза.

На 3 октомври 1990 година, Источна Германија или Германската Демократска Република (ГДР) престана да постои и пет новосоздадени држави на нејзината поранешна територија се приклучија на Сојузна Република Германија (Западна Германија).

Источен и Западен Берлин повторно беше обединет и стана главен град на обединета Германија.

Што може и треба да научи светот од германското обединување на 3 октомври 1990 година?

Светот може да извлече најмалку три големи поуки од германското обединување на 3 октомври 1990 година кој се одбележува како Ден на германското единство. Обединувањето на Германија се случи неполна година по падот на Ѕидот во Берлин на 9 ноември 1989 година. Овој процес го означи и падот на советскиот тоталитаризам во светот и крајот на „ерата на поделби“ што ги предизвика Студената војна.

Западна и Источна Германија беа навистина две сосема различни држави по 45 години поделеност. Тоа што може светот да го извлече како поука од овие процеси е дека еден историски проект за национално помирување и обединување е можен само ако постои меѓусебна почит и солидарност.

Повеќе на темата прочитајте ТУКА.

ЕДИТОРИЈАЛ

Deutsche Einheit

Од Џабир Дерала

Џабир Дерала

„Дури и по 32 години, сè уште се видливи разликите во економскиот развој меѓу западниот и источниот дел на земјата. Русите, едноставно, толку ја осиромашија и исцрпија Источна Германија, што ни децении подоцна не можат да се надминат разликите во развојот. Само во првите 20 години од обединувањето, западните Германци инвестираа 1,3 трилиони евра во источниот дел од државата. До денешен ден, субвенциите од Запад кон Исток изнесуваат меѓу 70 и 80 милијарди евра.“

Околу еден милион луѓе го прославија германското единство во ноќта на 3 октомври 1990 година во Берлин (pa/dpa/Kumm)

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Столтенберг: Повторното заземање на Лиман покажува дека Украина е способна да ги ослободи окупираните територии

Враќањето на градот Лиман во регионот Доњецк под контрола на Украина покажува дека вооружените сили на Украина се способни да ги потиснат руските сили од териториите кои се привремено окупирани од нив, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Ен-Би-Си, известува дописникот на Укринформ.

„Оваа недела видовме дека тие успеаја да заземат нов град, Лиман, а тоа покажува дека Украинците напредуваат, и се способни да ги потиснат руските сили поради нивната смелост, поради нивната храброст, нивните вештини. , но секако и поради напредното оружје што го обезбедуваат САД и другите сојузници“, рече Столтенберг.

ИНТЕРВЈУ

Холштајн: За нас, како Европејци, клучен предизвик е и понатаму сложно да дејствуваме

Личните искуства од времето на германското обединување, ЕУ интеграцијата, регионалната соработка и Берлинскиот процес, и војната во Украина се темите на интервјуто на ЦИВИЛ МЕДИА со Амбасадорката на Германија во Северна Македонија, Н. Е. Анке Холштајн.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Воениот комесар на руската област Хабаровск, Јуриј Лаик е сменет од функцијата откако половина од ново мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги исполнувале критериумите за мобилизација, изјави денеска регионалниот гувернер Михаил Дегтјарев.

*

Украина „постигнува напредок“ во регионот Херсон, и на некој начин ја менува динамиката на бојното поле и создава можност за маневрирање, вели американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој зборуваше во интервју за Си-Ен-Ен.

*

Руските војници кои го преживеаја ослободувањето на Лиман од страна на украинските вооружени сили побегнаа во привремено окупираната Шчастија, регионот Луганск, изјави началникот на регионалната воена управа на Луганск, Серхи Гаидаи, пренесува Укринформ.

*

Вооружените сили на Украина продолжуваат да спроведуваат активни воени дејствија во регионот Керсон и се зацврстуваат во ослободените области. Во меѓувреме, некои населби лоцирани долж линијата на фронтот се под непријателски оган, изјави шефицата на Обединетиот координативен прес центар на јужните одбранбени сили Наталија Хумениук за време на националниот телетон, јавува дописникот на Укринформ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОБРАЗОВАНИЕ Очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници за основно и средно образование, да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

*

ИЗВИНУВАЊЕ Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање рече дека очекува извинување од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за лагите кои опозицијата ги пласира за него, во очаен обид да го свртат вниманието од корупцискиот скандал во којшто се најде Мицкоски, тежок 136 милиони евра, информираат од Владата.

*

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС На факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе бидат организирани први академски часови за симболично означување на почетокот на  студиската 2022/2023 година и добредојде на новата генерација студенти.

*

БУГАРИЈА Магазинот „Политико“ и агенцијата Блумберг очекуваат дека ќе биде тешко да се формира нова влада во Бугарија по вчерашните предвремени парламентарни избори. И според двата американски медиуми, на долготрајната политичка криза во оваа балканска земја не и се гледа крај, јави БТА.

ИН МЕМОРИАМ Пред 27 години, на денешен ден, врз претседателот Киро Глигоров беше извршен неуспешен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата.

СЛОБОДНА ЗОНА

Љубомир Костовски

„Алузиите од типот дека бизнисмените кои увезуваат јаглен и мазут за потребите на нашите производители на струја биле Албанците, соопштени на јавноста преку она „едно општество за сите“ е доказ дека Во мигот незаобиколивата политиката и дел од медиумите се недораснати во опсервациите дури и тогаш кога ситуацијата од сите во општеството бара да сме крајно сериозни во опсервациите.“, прочитајте во колумната „Дали треба да се зема ДНК од увозниците на јаглен и мазут?“, од Љубомир Костовски.

 

Драган Мишев

„Милиони Руси да се разбудат  во новата, сурова реалност и за тоа да го обвинат Путин, а руските војници, уморни од борба и умирање за лаги, да почнат да одбиваат да се борат во Путиновата катастрофална  војна, и да тргнат кон Москва за да се стави крај на војната со ставање крај на владеењето на Путин, или, според одамна воспоставената руска (советска) традиција, некој во Кремљ да се охрабри да изврши вистинска патриотска должност и да имаме објава дека Путин умрел мирно во сон.“, пишува Драган Мишев во колумната „Русија ја губи војната, веќе не е прашање дали Путин ќе падне, туку кога и како“.

Војо Маневски

„Кога на Наполеон му кажале дека неговиот маршал Мира не дошол на бојното поле, кратко одговорил: „кога од глувче правиш орел тој одозгора ништо веќе не гледа, туку само како да улови друго глувче, зошто му е видикот глувчешки, а не орелски“. Затоа почитувани сограѓани на наредните избори да внимаваме кому му даваме крилја за да не му биде видикот глувчешки.“, извадок од колумната „Ај да пробаме со добра мисла!“, од Војо Маневски.

Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ