• Latest
м-р Перо Наумовски

Ден по пожарот – тивко и тажно е во Тетово

September 9, 2021

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ден по пожарот – тивко и тажно е во Тетово

Иако скршени од болка, тетовчани во овие тешки моменти се прашуваат - дали некој ќе одговара за оваа трагедија која Тетово и тетовчани ги зави во црно?        

September 9, 2021 15:49
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
м-р Перо Наумовски

м-р Перо Наумовски

Share on FacebookShare on Twitter

ПЕРО НАУМОВСКИ

Пред точно една недела бев вчудоневиден од видео статијата на еден медиум кој се вртеше на социјалните мрежи дека низ Модуларната болница во Тетово слободно се шетаат цивили, честопати и без маски и никаква заштита, во потрага и грижа за своите најблиски.

Вчера кога ги гледав ужасните снимки од пожарот од ковид болницата, веднаш ме потсетија на тоа видео. Очигледно не бев добро упатен за состојбите во тетовската болница, бидејќи со другарите кога разговарав за тоа што го видов во видеото, всушност воопшто и не беа изненадени. Некои од нив кои имале блиски на лекување во Модуларната болница, ми потврдија дека тие поминале низ истото искуство. Најблиските најчесто се грижат за болните, морале да носат и постелнина, лекови и храна, секој ден. Модуларната болница немала дури ни тоалети, па на болните им носеле и пелени за возрасни.

Се појавија и непотврдени сведочења и шпекулации дека пожарот се појавил веднаш откако лекар се обидувал на млада пациентка во присуство на нејзините избезумени родители, да ја поврати во живот со електрошокови.

Меѓутоа, кои се причините кои доведоа до оваа ужасна тргедија, ќе ги утврдуваат надлежните.

Тивко и тажно е денес во Тетово. Изгубените животи веќе никој нема да ги врати. Граѓаните на Тетово се сè уште во шок и неверување. Тагата по изгубените животи е огромна.

Иако раните се свежи, а болката огромна, прашање е дали опшеството и во иднина сериозно ќе ги сфати предупредувањата кои доаѓаат или ќе продолжи со нивно игнорирање, по старо.

Летово, за жал, четвриот бран на короната како да тргна од Тетово како резултат на големиот број свадби во затворен простор. Иако индициите за тоа беа јасно видливи уште на почетокот на новиот бран, сепак немаше соодветна и навремена реакција од надлежните.

Иако скршени од болка, тетовчани во овие тешки моменти се прашуваат – дали некој ќе одговара за оваа трагедија која Тетово и тетовчани ги зави во црно?

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ