• Latest

Денеска гласаат болни, немоќни, притвореници и затвореници за советници во Тетово и за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа

August 19, 2022

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Денеска гласаат болни, немоќни, притвореници и затвореници за советници во Тетово и за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа

August 19, 2022 13:03
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, петок, 19 август, започна гласањето за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на советот на општина Тетово.

Во своите домови гласаат лицата кои се пријавиле како болни или немоќни – вкупно 93, од кои 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово.

Денеска гласаат и 94 гласачи кои се издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи, и тоа:

Во КПД Идризово 56 гласачи, во Затвор Тетово 23 гласачи,  во КПД Штип двајца гласачи, во Затвор Струга еден гласач и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи.

Гласачките места во казнено поправните установи се отворени на време и гласањето тече без проблеми.

Според информациите на членовите на Општинската изборна комисија Тетово денешното гласање на овие групи на граѓани започнало во 7 часот и се одвива без проблеми.

-Како болни и немоќни лица се пријавени 24 лица жители на Општина Тетово во чии домови ќе се одвива гласањето.  Како жители на Општина Тетово кои се во притвор или на издржување на затворска казна во сите установи низ државата се евидентирани вкупно 92 лица. Само во затвор Тетово има 23 лица, информира Назми Даути, секретар во ОИК Тетово.

Во избирачкиот список за Општина Тетово се евидентирани 84.071 гласач кои во текот на утрешниот изборен ден ќе може да го остварат правото на глас на едно од 117 избирачки места во градот Тетово и неколкуте рурални населени места. За 31 едно место во Советот на Општина Тетово доверба од гласачите бараат дури 403 кандидати од 13 кандидатски листи. На листата за кандидати за членови на Совет на Оптина Тетово, се наоѓаат, со свои кандидати, Коалиција „Најдобро за мојата општина“, предводена од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ИНТЕГРА, група избирачи предводена од Агон Заими, Алтернатива, Алијанса за Албанците, БЕСА,  Демократска партија на Турците во Македонија, група избирачи предводена од Ељмедина Абдулахи, ДУИ, ПЦЕР и од Левица.

-За гласање граѓаните на избирачкото ливче имаат избор од 13 листи со кандидати за советници предводени од 11 партии и две групи на избирачи, информираат од ОИК.

Со овие избори Тетово ќе добие нов состав на Советот, откако досегашниот избран на локалните избори во октомври 2021 година прекина да функционира во април поради немање мнозинство. Во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет по што се донесе одлука за нови вонредни избори. 

Во општината Маврово Ростуше започна гласањето за избор на градоначалник. Својот глас во домашни услови, први ќе го дадат 40 лица кои претходно се пријавиле во ОИК и на кои им беа прифатени барањата.

Првиот човек на ОИК Маврово и Ростуше, Ивана Ѓорѓевска за МИА потврди дека избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето се на терен и ги посетуваат гласачите кои се пријавиле како болни или немоќни. Таа напомена дека подготовките за распределување на избирачкиот материјал и опремување на гласачките места се привршени и засега условите за утрешното гласање се исполнети.

Право на глас на изборите за градоначалник во Центар Жупа имаат 7154 гласачи. На изборите за градоначалник на Маврово и Ростуше право на глас, според Избирачкиот список имаат 9948 гласачи.

Во Маврово и Ростуше ќе се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16 избирачки места.

Кандидат за градоначалник на Центар Жупа е Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците. Кандидати за градоначалник за Маврово и Ростуше се Медат Куртовски, Коалиција „Најдобро за мојата општина“, предводена од СДСМ, и Мевдет Џафери од ВМРО-ДПМНЕ.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ