• Latest

Денеска во Скопје се очекува сообраќаен колапс: Протести, снимање на филм, реконструкција на сообраќајници

October 16, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Денеска во Скопје се очекува сообраќаен колапс: Протести, снимање на филм, реконструкција на сообраќајници

October 16, 2020 12:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Скопје ќе се случува сообраќаен хаос и најдобро е доколку немате итна потреба да не го користите автомобилот. Имено, за денеска се закажани три протести, ќе има затворање на улици поради снимање на филм, но во тек се и градежни активности низ сообраќајниците низ градот кои ги изведува Град Скопје.

Прв протест кој за денеска е закажан е од страна на Коалицијата „Менуваме“ која најави протест во 11.55 часот (5 до 12) пред Националната агенција за образование и мобилност.

На протестот ќе учествуваат родители на деца со попреченост, на кој, како што најавуваат ќе упатат протесна нота и осуда на како што велат „нестручното работење на Агенцијата и не познавање на програмските протоколи (к1, к2, к3, од Erazmus+)“

Подоцна за во 16.30 часот најавен е протест на Конфедерацијата на синдикални организации која најави мото-синдикален марш со околу 40 автомобили и 80 граѓани против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за покачување на струјата.

Протестниот марш, како што најавуваат организаторите, ќе почне во 16.30 часот од семафорот кај Веро-Парк-Чаир Т.Ц. Чаирчанка преку Бит Пазар до раскрсница на Мавровка-Судска палата. На раскрсницата остануваат 30 минути и продолжуваат кон Стоковна Мост-Мост Гоце Делчев и на крај завршуваат во 17.30 часот пред Владата каде што до 18 часот е предвидена прес-конференција.

За денеска од 18.30 часот протест со возила е закажан и до страна на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе започне од Спортскиот центар Борис Трајковски, ќе се одвива по булеварите 8 Септември и Партизански одреди, потоа по улиците Даме Груев, Димитрие Чупоски, 11 Октомври, и ќе заврши пред Секретаријатот за европски прашања.

Освен за протестите, денеска ќе има затворање на улици од 11 до 18 часот за потребите на снимање на филм. Во периодот од 11 до 14 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на улица Даме Груев, а во време од 14 до 18 часот на улица Димитрие Чуповски кај автобуската постојка спроти Театарот за деца и млади и во времето од 14 до 17 часот на булевар ВМРО на автобуската постојка пред Пошта на Северна Македонија.

Но освен протестите и најавеното затворање на улиците поради снимање на филм, во тек е и тековна реконструкција на неколку сообраќајници низ градот.

Реконструкција се врши на булевар 8 Септември, на потегот од булевар Илинден до крстосницата Скупи кај хотел Холидеј Ин. Се работи и на булеварот Александар Македонски на излез од Скопје кај Автокоманда до Хиподром.

Градежни активности има и на улицата Македонско-косовска бригадам како и на булеварот Босна и Херцеговина. Реконструкција има и на улицата пред Железничка станица која се спојува со Трета македонска бригада.

Оттука и апелот од Град Скопје до граѓаните да ги користат алтернативните рути при своето движење со возила кон излезот од Скопје во источен правец, по булеварот Александар Македонски.
„Ги замолуваме учесниците во сообраќајот да ја користат скопската обиколница преку излезите во Визбегово (Качанички пат), клучката кај Мирковци и клучката по новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош, како и паралелните улици 808 (кај фабриките „Европа“ и „Скопска пивара“), крстосницата на булеварот Киро Глигоров, завртување по улицата Перо Наков (кај „Металски завод“ и „Електроелемент“), вклучување на улица Благоја Стефковски и потоа користење на правецот за Куманово од кај СЦ „Хиподром“ и кон Велес преку Идризово,“ се вели во соопштението. / МЕТА

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ