ВЕСТ НА ДЕНОТ
Потпишан Договорот за 70 милиони евра грант од ЕУ за пречистителната станица во Скопје
Третирана вода со врвен квалитет, според европските стандарди и заштеда од протекување до 70 отсто, ќе овозможи пречистителната станица во Скопје што ќе се гради со грант од ЕУ, вреден 70 милиони евра.
Договорот за грантот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир.
Како што беше кажано, проектот ќе овозможи подобри услови за живот за околу 540 000 луѓе и е најголемиот досега кај нас во секторот животна средина. Имплементатори се Градот Скопје и ЈП „Водовоод и канализација“.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Реформите во правосудството со кои ќе се обезбеди владеење на правото е тековен процес што мора да се движи напред, потребни се значајни чекори за натамошен напредок. Како што знаете Европската Комисија секоја година има извештај за земјата која го следи напредокот преку граница во областа на реформите поврзани со ЕУ и природно ова длабински го разгледува прашањето за реформите во правосудството и владеењето на правото бидејќи е суштински елемент во пристапниот процес. Токму затоа го следиме развојот во секоја фаза од самото отварање на преговорите до приклучувањето на земјата“ изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Рускиот воен блогер и поранешниот член на ФБС Игор Гиркин (Стрелков) , кој ги предводеше проруските сили во Донбас од 2014 година, преку видео објавено на Телеграм јавно го понижува рускиот претседател Владимир Путин.
Here's the longer bit of Girkin's live stream today where he asks Putin to shut up, with more context. Girkin refers to Putin's words about the lack of hypersonic missiles being the reason why Russia couldn't invade Ukraine in 2014. And instead of properly taking command of the… pic.twitter.com/Ov4NKNQbRo
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) March 20, 2023
*
Во регионот на Кијив беше оштетен цивилен објект, три лица загинаа, а уште седум беа повредени во напад на непријателско беспилотно летало ноќта на 22 март, објави Кијивската регионална воена управа на Телеграм, пренесува Укринформ.
*
Наместо илјада зборови: Донбас, Украина, во март, 2023 година – фотографија споделена од Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕВРОИНТЕГРАЦИИ На денешен ден пред 19 години Северна Македонија го поднесе барањето за членство во ЕУ.
МВР Поднесена кривична против малолетник од Скопје за сторено кривично дело „тероризам” кој користејќи го својот мобилен телефон креирало електронска адреса, и истиот ден, користејќи го својот лап-топ компјутер од својот дом испратило порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на едно средно училиште во Скопје.
СОРАБОТКА Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со работната група на Здружението на новинарите на Македонија, предводена од претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, на која беше промовиран изработениот Протокол за безбедност на новинарите на интернет, со фокус на новинарките.
ОДБРАНА Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната сојузничка команда на НАТО и се сретна со нејзиниот командант, генералот Кристофер Каволи и старешините од нашата Армија позиционирани во оваа команда.
AL-PRESS
Редакциски избор од албански медиуми: Албански медиуми: ЕУ и САД бараат спроведување на договорот, косовските социјалдемократи продолжуваат со акции против решението на Курти – фрлија торта и милкшејк врз заменикот премиер Бислими
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Медиумите ја проголтаа дезинформацијата за „пропаднат камион“ на плоштадот во Скопје
„ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“ ПОВТОРНО НАСТРАДА ОД КАМИОН, Се отвори нова дупка во фонтаната по обидот да ја премине“, „(ФОТО) Камион пропадна во фонтаната на плоштад Македонија“, „Пак пропадна камион во фонтаната на Плоштад Македонија“, „Плоштадот Македонија повторно настрада од камион“ се дел од насловите на македонските медиуми кои наседнаа на лажните објави на социјалните мрежи и без да проверат дали е навистина така ја објавија дезинформација за наводно пропаднат камион на скопскиот плоштад.
ИНТЕРВЈУ
Тунева: (Дез)информациите на социјалните мрежи предизвикуваат големи штети
СЛОБОДНА ЗОНА
„Кинескиот претседател Ши Џинпинг му донесе „мировен план“ на својот „драг пријател“, воениот злосторник, Владимир Путин. Планот е објавен на веб страницата на Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина. Се состои во 12 точки и беше објавен на 24 февруари 2023, точно една година по почетокот на руската инвазија. Сега и официјално, кинескиот претседател му го врачи на својот домаќин, сега веќе и меѓународно правно потврден воен злосторник, кој го дочека во раскошните царски одаи во Кремљ“, пишува Џабир Дерала во „Кинески план во 12 точки – мир, замрзнување на конфликтот или…“.
„Жената и црквата, секогаш биле опоненти, исто како што црквата секогаш била конкурентна со држвата. Причините за тоа се одамна апсолвирани, и во 21 век ова прашање се отвора само во општества каде што и натаму Црквата се бори за превласт со државата, има потреба од покорни следбеници односно е во битка за даночните обврзници- пардон, верници. Зошто повторно жената е во центарот на нивното внимание и се инсистира дека нејзината улога е репродуктивна и секундарна во општеството? Сериозно, нема навистина да зборуваме за Јованки Орлеанки во оваа ера и да полемизираме за прогон на вештерки“, пишува Ана Василевска во „Црквата да искулира, и таа е именка од женски род а „сексот е од бога даден“.
Б. Јордановска












