• Latest

Црквата да искулира, и таа е именка од женски род а „сексот е од бога даден“

March 22, 2023
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Црквата да искулира, и таа е именка од женски род а „сексот е од бога даден“

March 22, 2023 15:11
in ОПШТЕСТВО, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АНА ВАСИЛЕВСКА

Неретки се обидите на Црквата да се меша во одлуки на институциите на државата. Тоа се случува и во други секуларни држави, и таа нејзина пенетрација е позната низ историјата на човештвото во многу наврати. Со сета почит кон нејзините етички, духовни начела, сета религиозна заедница во која Цркавата ужива авторитет и има апсолутно демократско право да ги негува нивните убедувања и чувства кон која било тема, но, во рамки на нивниот систем.

Оваа заедница и Црквата, сепак, треба исто така да има почит кон општествениот систем и институциите, и одлуките кои се донесуваат во насока на подобрување на правата на сите луѓе. И на атеистите, и на верниците од другите религии а особено кога е во прашање родова еднаквост и уставно загарантираноте човекови права.

Жената и црквата, секогаш биле опоненти, исто како што црквата секогаш била конкурентна со држвата. Причините за тоа се одамна апсолвирани, и во 21 век ова прашање се отвора само во општества каде што и натаму Црквата се бори за превласт со државата, има потреба од покорни следбеници односно е во битка за даночните обврзници- пардон, верници.

Зошто повторно жената е во центарот на нивното внимание и се инсистира дека нејзината улога е репродуктивна и секундарна во општеството? Сериозно, нема навистина да зборуваме за Јованки Орлеанки во оваа ера и да полемизираме за прогон на вештерки.

Можеби филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, што бај д веј е инспириран од вистинска случка е блага шлаканица за скицирање на демагошкиот однос на црквата кон жената. Накусо: жена скокна за Водици во реката и го фати крстот. Потоа, машките верници сакаа да ја распнат. Инфериорни и поразени од неуспехот а и по налог на попот ја гонеа и ја уценуваа да им го врати. Се знае, во Црквата жената има подредена улога, и не може да плива побрзо од група мажи. Апсурд, со кој Петрунија се износе по цена на се.

Сеопфатно сексуално образование како најголема закана 

На трибината во организација на Елуса Фондацијата, фокусот беше ставен кон „Зошто НЕ за сексуалното образование во училиштата“. И не е прв пат професорот и писател Венко Андоновски да биде поддржувач на вакви трибини и да се спротиставува на идејата во училиштата да се проговори за сексот. Да, велам сексот, бидејќи одамна овој термин не табу, ниту пак треба да биде. И Андоновски како ерудит, би требал добро да знае дека секое табузирање и недоволна информираност за темите што се од интерес на сите, доведува до матни сознанија што предизвикуваат проблеми и имаат последици. Истовремено, туркањето под тепих и заговарање на „забрането овошје“ секогаш е поголем предизвик, зарем не?

„Сексуалното образование во училиштата ќе овозможи поддршка на младите во созревањето, да изградат сопствен систем на вредности и самопочит што ќе им овозможи да носат одговорни одлуки и да се однесуваат одговорно, да се спречи предвремени и незаштитени сексуални односи, да се превенираат бројните несакани последици од незнаење и предрасуди, злоупотреба и насилство и да придонесе за развој на толерантни и квалитетни односи помеѓу момчињата и девојчињата засновани на  меѓусебна почит“, повторуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Кој дел од оваа намера е спорен и проблематичен за Цркавата? Во секоја реченица од наведеното објаснување на МТСП е содржано тоа што е спорно за „конзервативната Црква“ или ако сакате тоа што ним не им одговара: зрели личности со сопствен систем на вредности, самопочитување, одговорност, спречување на несакана бременост (да не станат машини за раѓање) , превенција на злоупотреба и насилство кон девојчињата, и взаемна рамноправна почит.

Заканата која ја чувствува Црквата, нема никаков мотив во добронамерноста односно како што се истакнало на трибината “стравувале дека ќе се загубеле моралните вредности и децата нема да знаеле што е љубов“, туку во стравот дека можеби овие освестени индивидуии, нема да сакаат баш на црквата да и истураат пари за венчавки, крштевки, да се крстата и да палат свеќи за да не забременат, туку самосвесно ќе одлучуваат за својот живот и ќе понесат одговорност а нема да се предадат „во рацете на бога“ и сите грешки да ги припишуваат на божјата волја.

Сигурна сум дека меѓу редовите на црковната заедница а и меѓу верниците има многумина кои ги поддржуваат институциите и државата во идејата за јакнење на рамноправноста и намалување на поларизацијата и кршењето на човековите права. Такви кои знаат дека овој наратив на верглање како рамноправноста и родовиот идентитет и сексуалната едукција ќе не уништат е само оружје во создавање на стигматизирана атмосфера во која некој сака да ја зацврсти својата општествена, па и политичка моќ.

Христијанските црковни заедници во Европа беа скандализирани по објавите за педофилските афери што ја тресеа Католичката црква. Неодамна изглегоа и фрапантни монструзни информации за злоделата на свештеници и сексуланата злоупотребата на малолетници, за што пак беа исплатени милионски оштети.

Ова е радикален пример како деца биле злоупотребени во име на сексот, и на бога.

Да се надеваме дека овие хистерични испади на Црквата, во иднина драстично ќе се намалат, а редовите на Црквата ќе искулираат конечно че најдат друг начин да си го вратат авторитетот или ќе најдат нови начини за акумилирање на пари од верниците и искрено ќе се дистанцираат од лажниот морал и ќе остават природно оринетираните поклоници да ги посетуваат храмовите.

Навистина се молам и верувам дека науката и едукацијата ќе победат во неразумната битка да бидат киднапирани од средновековни идеји.

НоваТв

Tags: државаполитикасексуално образованиецрква
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ