• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ и САД бараат спроведување на договорот, косовските социјалдемократи продолжуваат со акции против решението на Курти – фрлија торта и милкшејк врз заменикот премиер Бислими

March 22, 2023

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ и САД бараат спроведување на договорот, косовските социјалдемократи продолжуваат со акции против решението на Курти – фрлија торта и милкшејк врз заменикот премиер Бислими

March 22, 2023 11:02
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ и САД бараат од Србија и Косово да ги исполнат обврските што произлегуваат од договорот за нормализација на односите помеѓу двете земји, воедно и го потсетуваат српскиот претседател дека иако не е потпишан, договорот е обврзувачки. Во Косово не престануваат негодувањата и критиките кон Курти и неговата влада за прифаќање на Заедницата, активисти на Социјалдемократската партија вчера фрлија милкшејк и торта врз заменикот премиер, Бесник Бислими.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Албеу – Борел и Ескобар ставија точка на „играта“ на Вучиќ: Договорот за Косово е обврзувачки и без негов потпис

„Не помина ниту една  недела од средбата во Охрид, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ се обиде да ја убеди јавноста дека Анексот на договорот со Косово не е обврзувачки, бидејќи не го потпишал. Но, со иста брзина пристигнаа деманти од Европската Унија и САД, чии претставници велат дека договорот е важечки.

„Договорот не беше потпишан од правни причини, но двете страни се согласија дека мојата изјава (по состанокот во Охрид) претставува за двете страни  целосно да се посветат на обврските што произлегуваат од овој договор и неговата имплементација“, рече Борел по состанокот на Министрите за надворешни работи на ЕУ.“, пренесе Албеу.

РТК: ЕУ-САД бараат спроведување на договорот

„Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека спроведувањето на договорот меѓу Косово и Србија ќе го надгледува комисија составена од двете земји и од Европската унија. Тоа е правно обврзувачко.

Борел ги информираше шефовите на дипломатиите на ЕУ за Охридскиот договор што меѓу Косово и Србија беше постигнат на 18 март. Според Борел, ова е големо достигнување и, како што рече, „нема повеќе да бидеме во состојба на криза, туку во спроведувањето на договорите што претходно беа постигнати на 27 февруари во Брисел“.“, пренесе косовската РТК.

РТВ21: ПСД фрли „милкшејк“ и торта врз косовскиот заменик премиер

„Активисти на Социјалдемократската партија (ПСД) фрлаа торта  и „милкшејк“ кон вицепремиерот Бесник Бислими во вторникот на влезот од зградата на Владата.

Торта и милкшејк за „Заедницата’“, напишаа покрај видеото, алудирајќи на Охридскиот договор со кој ПСД вели дека е прифатено „основањето на Заедницата“.“, пренесе РТВ 21.

АЛБАНИЈА

Балканвеб: Извештајот на Стејт департментот за рушењето на одморалиштето „Престиж “во извештајот е шокантен

„Извештајот на Стејт департментот  за уривањата со тритол, конфискациите со владини одлуки и слободата на медиумите во Албанија, ја потврдува драматичната слабост на владеењето на правото во Албанија!

Надвор од секакво сомневање, извештајот на Стејт департментот потврди од целиот континент дека она што се случи во Албанија на крајот на минатата година беше драматично.“, пренесе Балканвеб.

Газета Шќип: Политички „пинг-понг“/ Бериша тужи во Апелација, бара разрешување на Алибеај од претседател на ДП

„Групата на Бериша го обжали барањето и побара отпишување на Енкелејд Алибеај како команден претседател на Демократската партија. Во просториите на Управниот Апелационен суд денеска ќе се фрла ждрепката за утврдување на судискиот совет за судењето на тужбата. Ждрепката се очекува да се одржи во 14:15 часот.“, пренесе Газета Шќип.

КОЛУМНА

ИНА: Договорот потпишан во Скопје меѓу Косово и Србија ја подигна тензијата во Москва

„Договорот потпишан во Скопје меѓу Косово и Србија ја подигна тензијата во Москва. Но и во Тирана, до високата државна корупција и на поранешните министри и премиери. Вучиќ нема друг пат. “, извадок од колумната „ Договорот потпишан во Скопје меѓу Косово и Србија ја подигна тензијата во Москва“, од авторот Спартак Нѓела, објавена во дневникот ИНА.

Д. Тахири 

 

 

Tags: албански медиумиЕУизборКосоворегионСАДСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ