Дезинформациите не се одлика на нашето секојдневие и со случувањата во оваа држава, туку се нешто што се случува на глобално ниво, меѓутоа тоа не нè амнестира од одговорноста што ја имаме сите ние како креатори на информации, како некој што ги консумира тие информации како публика, вели Марина Тунева, медиумски експер, во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
„Проблемот за жал навистина постои, можеби е многу повеќе присутен на социјалните мрежи, меѓутоа ако се земе предвид, колку социјалните мрежи се извор на информации и за граѓаните и за дел од медиумите, или се почесто станува како практика во обидот да се дојде до некоја тема за која ќе се информира, тогаш несомнено штетите се големи. Тоа е проблем што треба систематски да се адресира со меѓусекторска соработка, со одговорност и внимание во однос на консумирањето на информациите“, вели Тунева.
Целото интервју со Тунева следува наскоро.
Дехран Муратов
камера и фотографија: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети