• Latest
Фото: ЦивилМедиа

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Украинската химна се слушна на церемонијата на руската амбасада; одбележан 9 мај, Денот на победата над фашизмот; забрана за снимање во Судски совет по скандалозната седница за разрешување на Дамева

May 9, 2023
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Украинската химна се слушна на церемонијата на руската амбасада; одбележан 9 мај, Денот на победата над фашизмот; забрана за снимање во Судски совет по скандалозната седница за разрешување на Дамева

May 9, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: ЦивилМедиа

Фото: ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Активистка ја пушти химната на Украина за време на церемонијата на руската амбасада во Скопје

За време на денешната церемонија на руската амбасада пред спомен-обележјето зад Универзална сала, една активистка ја пушти украинската химна од својот мобилен телефон.

За време на церемонијата на која рускиот амбасадор одржа агресивен воинствен говор против Украина и Западот, службениците на руската амбасада копаа во корпата за отпадоци зад спомен-обележјето, каде што пронајдоа еден звучник на кој, како што дознаваме, требаше да се пушти химната на Украина уште погласно.

Контејнерите во близина на спомен обележјето каде што руската амбасада одржа церемонија. На фотографијата се гледаат и пропадници на Левица (фото: ЦИВИЛ)

На церемонијата која беше организирана од Руската амбасада беа присутни раководството на неколку помали проруски екстремно десничарски партии, како што е Левица. Беа забележани и неколку потврдени поддржувачи на руската брутална агресија против Украина, како што се моторџиите на клубот „Ноќни волци“, екс-амбасадорот Ристо Никовски, поетот Ефтим Клетников, контроверзниот Стефан Влахов Мицов и други. На церемонијата, со ружа в рака, дојде и поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Од дипломатскиот кор во земјава, присутни беа само дипломатските мисии на Србија и Кина.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Согласно Законот за правда за децата, спрема дете кое во време на извршување на дејствието, кое со закон е предвидено како кривично дело или прекршок, не наполнило 14 години, не може да се примени санкција“, кратко одговорија од ОЈО за ЦИВИЛ Медиа.

*

Сите одредби со кои се зајакнува превенцијата од насилство, ќе бидат дел и од новиот Закон за средно образование кој е во фаза на изработка. Во меѓувреме, секако средните училишта исто така во своите програми за работа предвидуваат активности за подобрување на менталното здравје на учениците, за подобрување на комуникацијата, за препознавање и спречување на булинг и слично“, изјавија од МОН за ЦИВИЛ Медиа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Во земјите од Југоисточна Европа поддршката за влез во ЕУ се намалува бидејќи жителите веруваат дека таа не сака да ги прифати, но има партнерски програми преку кои и овие земји можат да учествуваат во заеднички теми како што е „зелениот план“ и дигитализација, изјави Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ- и за Западен Балкан, во интервју за Хина, пренесува МИА.

ПРАВДА Денеска се навршуваат осум години од оружената престрелка во населбата „Тода Мендол“ или „Диво Насеље“ во Куманово во која загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во оружената престрелка беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

КАМПАЊА НА МОН „Да градиме мирна и хармонична училишна средина без било какви облици на насилство. Да создадеме амбиент во кој младите ќе се фокусираат исклучиво на вистинските цели на воспитно – образовниот процес, на стекнувањето знаења и вредности кои ќе ги направат да бидат добри луѓе, а насилството воопшто нема да биде тема. Потребна е средина во која ќе преовладува толеранцијата, младите ќе ги почитуваат меѓусебните разлики и нема да гледаат на нив како поводи за конфликти“, се пораките што Министерство за образование и наука ќе ги испрати до сите чинители на образовниот систем преку нова кампања за подигнување на свеста особено кај младите, за важноста на мирот, ненасилно и толерантно однесување во и надвор од училиштата.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Влада на Република Северна Македонија свечено ќе го одбележи 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

МЕДИУМИ Новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, ги отстрани присутните сниматели, а притоа им било дозволено присуство на новинарите на седницата. ЗНМ реагира.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Како „бесмртниот полк“ беше поразен од рускиот фашизам

Откажувањето на овогодинешниот марш сугерираше дека Кремљ сака да избегне објавување на своите загуби во тековната војна, бидејќи постоеше можност во некои руски градови кои претрпеа најголеми загуби, масовниот собир на луѓе со портрети да доведе до заклучоци опасни за режимот на Путин.

*

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во Кијив на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА, пренесе МИА.

Таа истакна дека Европската Унија се фокусира на зголемување на притисокот врз Русија, обезбедување на целосно спроведување на санкциите и затворање на постоечките „дупки“ за да ги избегнат санкциите. „Ние сме решени да ги затвориме постоечките дупки. Никој не треба да се сомнева во тоа“, им рече таа на новинарите од Европската редакција (European Newsroom), чија членка е и МИА.

АЛ-ПРЕС

Претседателот на Централната изборна комисија на Албанија, Целибаши, во емисија на РТШ посочи дека партиите во предизборната кампања трошат повеќе од тоа што пријавуваат, но дека нема соодветни механизми за верификација. Во Република Косово  Денот на Европа се одбележува како официјален празник, иако интеграцијата на земјата во ЕУ е се уште далечна.

Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Владимир Путин дојде на власт во 2000 година. Од 2007-2008 година, руската прослава на Денот на победата претрпе значителна промена. Путин, кој постави отворен геополитички предизвик со неговиот озлогласен говор во Минхен од 2007 година кога влезе во конфронтација со она што тој го гледаше како „западна доминација“, одлучи да го искористи Денот на победата како клучен елемент на неговата домашна пропаганда. Требаше да го зајакне „патриотизмот“, да ја глорифицира руската војска и да ја мобилизира јавноста пред западната „закана“ за Русија“, пишува Џабир Дерала во колумната Денот на победата во СССР и во Русија.

*

„Во остатокот од светот, Денот на V-E (Победата во Европа) се слави на 8 мај, денот кога официјално беше предвидено да започне прекинот на огнот.

Во Северна Македонија, како дел од поранешната федерација, поради идеолошки причини на тогашната владејачка номенклатура, Денот на победата се прославуваше на 9 мај, што во пракса се спроведува и денес, кога на 9 мај се празнува и Денот на Европа, кој го прославуваат земјите од Европската Унија.

По осамостајувањето, во Македонија, поради ослободување од идеолошката матрица на социјалистичкото управување во поранешната држава, престана да се празнува Денот на младоста и 29 ноември како ден на Републиката, во која нашата држава беше рамноправна членка ,зошто тогаш, наместо 9 мај, да не ја прославуваме Денот на победата во Европа над фашизмот на 8 мај? Тоа денес е уште повеќе како земја членка на НАТО, и претендент за влез во ЕУ“, пишува Драган Мишев во колумната 9 мај, еден Ден по победата во Европа над фашизмот.

*

„Третата смена не се опишува, таа се доживува. Се впива во сетилата кога застанеш пред автобусите што ги носат третосменците кога се враќаат од работа. Лица издолжени и побркани поздрави – добро утро Стојане, му посакуваш на третосменецот, а тој само го проголтува поздравот зошто во светот на третосменците тоа истовремено е и лека ноќ пријателе. Спиење кога денот повикува на денување, а изминатата ноќ те влече на спиење. За едните е нов ден, а за третосменците е нешто што треба да се отспие за да се дочека новата трета смена.

Е мои почитувани сограѓани, не ми замерувајте на потемнетите мисли! Само се обидувам да разберам во која смена сме ние кои што верувавме во идеали, во програми, во намери или во лидери. Во која смена сме ставени?“, пишува Војо Маневски во колумната Трета смена.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ