• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Парите потрошени на изборите во Албанија не може да се следат; Денот на Европа во Косово официјален празник; се бара реципроцитет за Заедницата за Албанците во Србија

May 9, 2023

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Парите потрошени на изборите во Албанија не може да се следат; Денот на Европа во Косово официјален празник; се бара реципроцитет за Заедницата за Албанците во Србија

May 9, 2023 10:49
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Централната изборна комисија на Албанија, Целибаши, во емисија на РТШ посочи дека партиите во предизборната кампања трошат повеќе од тоа што пријавуваат, но дека нема соодветни механизми за верификација. Во Република Косово  Денот на Европа се одбележува како официјален празник, иако интеграцијата на земјата во ЕУ е се уште далечна.

Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз: „Партиите трошат повеќе отколку што пријавуваат“ – претседателот  на ЦИК: Невозможно е да се следат парите на избори

Можеби сум малку наивен, но не толку, и верувам дека се троши повеќе отколку што е пријавено, но се додека нема механизам легално да го потврди  тоа, тогаш ќе мора да веруваме во кој било изграден механизам за да ја направи верификацијата“, изјави првиот човек на ЦИК, Целибаши,  во емисијата „Без цензура“, на РТШ, пренесе Јава Њуз.

Албеу: Албанија со 6.221 вработен на онлајн платформите, втора во 8 земји на Балканот

„Онлајн пазарот на труд забрзано се шири насекаде во светот, а дел од него се веќе и балканскиот регион и Албанија.

Регионалниот извештај на „Гигметар“ покажа дека во октомври минатата година преку 6.200 Албанци биле вработени преку интернет.

Албанија е рангирана на второ место по Северна Македонија, во 8 земји од регионот по бројот на онлајн вработени во однос на населението.“, пренесува албанскиот портал Албеу.

КОСОВО

Газета Експрес: Косово го слави Денот на Европа, но патот до ЕУ е долг и со многу предизвици

„Денот на Европа денеска се одбележува и кај нас. Од прогласувањето на независноста, Косово континуирано се движи кон европските интеграции, кои се и негови цели. Сепак, запознаени со процесот на евроинтеграции, оценуваат дека патот на Косово кон членство во Европската унија е долг и со многу предизвици.

Иако Косово е далеку од евроинтеграциите, поради политички пречки, 9 мај – Денот на Европа се одбележува како официјален празник.“, пренесува косовскиот дневник Газета Експрес.

РТВ 21: Уапсени се две лица кои се обидувале да ја блокираат зградата на Општината во Звечан

„Косовската полиција уапси две лица во Звечан, откако истиот понеделник по полноќ заварувале железни шипки во објектот на општината.

Портпаролот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани соопшти дека во оваа прилика заплениле и автомобил.“, пренесе косовската РТВ 21.

Бота Сот: Реципроцитет за Заедницата, треба ли да има самоуправување и за Албанците во Србија?

Албанскиот пратеник во Собранието на Србија Шаип Камбери во директен линк на А2 Си-Ен-Ен истакна дека решението треба да се бара во рамките на она што го дозволува Уставот на Косово.

„Никогаш не може да дозволи изградба на повисоки стандарди од оние на самата ЕУ за малцинствата и да не дозволи такви ситуации кога овие единствени стандарди би биле од вредност само за една заедница во Западен Балкан“, изјави меѓу другото пратеникот на Албанците во Србија, Камбери, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.

КОЛУМНА

Газета Експрес: Омразата кон Албанците во Србија се уште не згаснала, не знаеме кога ќе се случи

„Албанофобијата во Србија не е мртва и не знаеме кога ќе биде. И какво исклучително чудно чувство на страв, презир и омраза кон Албанците, во земја и во општество кое формално сака Косово со албанско мнозинство во својот состав, нели? Или Србија, според стариот обичај, сака Косово – но без косовските Албанци?

Навистина, на насловната страница на про-режимскиот весник „Информер“ и на сите киосци во Србија неодамна се појави наслов: „Западот ѝ одби визи на лажна земја. Европо, еве ви ги  Шиптарите! Земете ги сите во ЕУ!“ Чекај, што? Зарем целта на државната политика не е реинтеграција на Албанците во Србија?“, пишува во едиторијалот “Омразата кон Албанците во Србија се уште не згаснала, не знаеме кога ќе се случи“, во Газета Експрес.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ