Денеска се навршуваат осум години од оружената престрелка во населбата „Тода Мендол“ или „Диво Насеље“ во Куманово во која загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во оружената престрелка беа убиени и 10 припадници на вооружената група.
„Малата војна“, на 9 и 10 мај 2015 година својата судска разрешница ја започна во февруари 2016 против 29 лица кои се товареа за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на 37. Со затворски казни се осудија вкупно 33 лица, а ослободителни пресуди добија четири лица.
Минатата година излезе веста дека 17 од обвинетите имаат косовски државјанства и бараат трансфер во Косово. Министерот за правда, Кренар Лога, во март 2023, пак, изјави дека го побарал досието на кумановската група и посочи дека осудените првин ќе треба ја доуредат документацијата за да можат нивните барања да бидат согласно законот.
Б. Ј.