Categories

ГОВОР НА ОМРАЗА Дерала: Говорот на омраза и лажните вести ја окупираа изборната кампања

Во контекст на претседателските избори, за тоа колку говорот на омраза и лажните вести беа присутни во текот на изборната кампања, кој сѐ се служеше со нив и како ЦИВИЛ ја толкува изјавата на Артан Груби насочена кон кандидатот за претседател, Блерим Река, за споредбата со претходните претседателски избори, говореше Џабир Дерала, ЦИВИЛ, пред камерите на ТВ Клан и ЦИВИЛ Медиа.

„Секојдневно, на наша адреса стигнуваат најмалку по 30 пријави за говор на омраза и лажни вести од целата земја, како од нашите набљудувачи, така и од граѓански новинари. Тие, во најголем дел, пријавуваат говор на омраза на социјаните медиуми, но исто така и на одреден број од порталите што објавуваат говор на омраза. Исто така, имаме пријави за говор на омраза и на терен, во јавните настапи и во комуникацијата меѓу луѓето. Тоа што можеме да го искоментираме за несреќната изјава на Артан Груби, висок претставник на коалициониот партнер на власта, ние тоа го толкуваме како експлицитен говор на омраза, со употреба на израз кој се употребува за време на погреб кај муслиманското население. Тоа е еден поздрав кој очигледно упатува на тоа дека му посакуваат смрт на едниот од кандидатите, во случајот, Блерим Река. Она што ние сакаме да го истакнеме е дека говорот на омразата и лажните вести не се добро оружје во рацете на оние што се натпреваруваат за одредена функција во земјата“, изјави Дерала, додавајќи дека говорот на омраза доминираше за време на изборната кампања.

Текст и монтажа: Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов

 

Print Friendly, PDF & Email