Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА, по повод 9-ти Мај – Денот на Европа, денеска во 10 часот организира панел дискусија на тема „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската унија”.
Како панелисти ќе учествуваат Артан Груби, вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје и Џелал Хоџиќ, Заменик директор на Агенција за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).
Модератор на настанот е Александра Димовска, извршна директорка на Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА.
Панел дискусијата во живо може да се проследи ТУКА.