„На настаните што ги организираме за пописот ние се обидуваме да го прибереме мислењето на различни слоеви на локално ниво бидејќи пописо е исклучително важен за развојните стратегии на општините. Ги седнуваме на иста маса експертите, невладините организации, како и носителите на одлуки, градоначалниците, осветниците, различните партии, пред сè СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но и другите политички партии како што е Алијанса за Албанците“, изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во Утрински брифинг, на тема попис.
Дерала изјави дека иако некои од соговорниците имаат сериозни забелешки, се согласуваат дека пописот е неопходен со апел да се спроведе што е можно попрофесионално и побезбедно в поглед на мерките за заштита од Ковид-19.
„Освен што овие чинители ги седнуваме на маса, ние разговараме и со граѓнките и граѓаните. Најголем дел од нив сметаат дека пописот е потребен и треба да се спроведе, нема никакви пречки, исто како што го имаа искуството со предвремените парламентарни избори минатата година, локалните во Штип и во Пласница… за нив се добредојдени попишувачите и ги радува фактот декао ние што не се чувствуваат безбедно или имаат мали живеалиште ќе можат надвор на отворено да се попишат“, истакна Дерала.
Дерала го најави денешниот настан во Гевгелија, со забелешка дека претставниците на опозицијата на локално ниво се двоумат дали да присуствуваат на настанот.
Б. Ј.