Основно непознавање е да кажете дека не морате да одите во ЕУ. Нас никој не нѐ тера, ние сакаме да влеземе. Тој што не е задоволен од својата држава не гледа кон исток туку кон ЕУ. Кога ќе кажете европски вредности, луѓето веднаш мислат на ЕУ, истакна Дерала на панел дискусија на ЦИВИЛ на тема: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“
Кога ќе кажете европските вредности се мисли на европските вредности. Тоа се вредности кои се мислени, почитувани и применувани во европските земји како вредности. Кога ќе кажете зелени вредности мислите само на екологија? Тоа е исто така и за европските вредности. Вие може да ги негувате сите европски вредности без да сте членка на ЕУ. Луѓето мора да почнат да разбираат што значи зборот вредност.
Сите ние имаме предрасуди за кои ни самите не сме свесни за тоа. Човек треба да работи на себе. Една ствар е да имате политичка волја, медиумска општествена, човечка за да придонесете во медиумите за мултикултурализмот, а друга ствар е да имате волја и да научите нешто за тоа. Да ги видите практиките, што значи тоа во филозофска општествена смисла. Кога се наоѓате во ситуација да информирате, вие имате многу сериозна обврска.