„Ден на граѓанското општество“, што Цивика Мобилитас го организираше на отворено, со максимално почитување на мерките за заштита од Ковид-19 на отворено, беше одлична можност за промоција на граѓанските организации, но и нивно меѓусебно запознавање, па и соработка.
И покрај пандемијата, сепак, се покажа дека граѓанското општество не замре, напротив, уште повеќе се активираше во насока на промовирање и поттик за јакнење на јавната свест и активно граѓанско учество во сите сфери на општеството.
ЦИВИЛ со своето присуство ги потикна претставниците на граѓанските организации да проговорат за теми поврзани со нивните клучни успеси, но и планови за иднина, како и теми кои во дадениот момент се од исклучителни важни во оптествениот и политичкиот дискуср. Тимот на ЦИВИЛ разговараше со учесниците на теми европски перспективи, антинационализам, обединување во различноста…
„На „Денот на граѓанското општество“, во организација на Цивика мобилитас присуствуваа повеќе од 70 организации и инцијативи. На денешниот ден, токму од оваа локација, ЦИВИЛ како организација што веќе една деценија развива една комплексна медиумска платформа, им посочи на нашите колешки и колеги, другарки и другари од граѓанскиот сектор дека оваа платформа е и нивна. Тоа е наша заедничка медиумска платформа на која може да се објават сите содржини за кои тие сметаат дека можат да најдат место во јавноста. Секое соопштение, став, коментар или прашања во врска со нивните проекти и нивните интереси, сето тоа се материјали кои можат да најдат место секојдневно на нашата медиумска платформа“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.
Со богата програма и учество на амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоѓиоска, како и на министерката за образование и наука, Мила Царовска, Ден на граѓанските организации, граѓанските организации покажаат доследност и беа пример за тоа дека и привакви настани возможно е максимална почит и примена на мерките за безбедност и заштита од Ковид-19.
Биљана Јордановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети