Меѓународен ден на ненасилството
„Филозофијата и практикувањето на ненасилството во политиката и во севкупниот живот во општеството, секако, подразбира мирно разрешување на конфликтите меѓу луѓето, заедниците и државите. Тоа значи превенција на било кој вид насилство, почнувајќи од физичкото, завршувајќи со вербалното.
Ја користам оваа прилика, на Меѓународниот ден на ненасилството, да ја истакнам констатацијата дека живееме во време кога црната пропаганда и говорот на омразата, посредно, а често и непосредно, ги загрозуваат безбедноста, физичкиот интегритет, здравјето, имотот и достоинството на луѓето.
Често се случува, нефизичкото насилство да нанесе подеднакви штети како и физичкото, па и оруженото насилство. На овој ден, треба да се потсетиме дека никако не смее да се занемари онлајн насилството кое е присутно и на социјалните мрежи и во дел од медиумите. Насилството во било кој облик мора да се отфрли и осуди, да се санкционира и да се прогони од животот на луѓето“, изјава на Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на ненасилство.
ЦИВИЛ: Да градиме општество што промовира мир, толераниција и ненасилство