За видео акцент на неделата, ЦИВИЛ Медиа ја одвојува изјавата на Џабир Дерала на мултимедијалниот настан „Заедно за иста цел“ што се одржа на 8 мај, во Дом на култура „Трајко Поркопиев“ во Куманово.
„Може да има многу прични, апсолутно многу прични кои се оправдани за луѓето да бидат гневни, нервозни, разочарани, но нема апсолутно ниедна причина својот гнев, својот револт, својот протест да го изразат преку насилство“, изјави Џабир Дерала упатувајќи порака до младите, но и до сите останати за мирно решавање на конфликтите во борбата против насилниот екстремизам .на мултимедијалниот настан „Заедно за иста цел“ во Куманово, а во организација на ЦИВИЛ.
Монтажа: Биљана Јордановска
Фотографија: Маја Ивановска