• Latest

Дерала: Пропагандата успева преку поттикнување сомнеж во институциите, државата, другите заедници

July 22, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дерала: Пропагандата успева преку поттикнување сомнеж во институциите, државата, другите заедници

July 22, 2022 13:01
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Важно е тоа што секоја недела, а некогаш дури и почесто, од ова студио, мислам дека најмногу се прослави по онаа серија од сто интервјуа во рубриката „Дистрикт“, токму со Зоран Иванов, е нешто каде што ние се обидуваме да дојдеме до фактите, да ги разобличиме пропагандните активности и пораки, да ги разобличиме дезинформациите, кое се навистина со извонредно интензивно темпо присутни во медиумите, во социјалните мрежи, но и во институции како што е парламентот, вели Џабир Дерала на панелот на ЦИВИЛ  на тема „Слонот во собата“, што се одржа на 21 јули 2022 година.

И, се разбира, од говорниците на улица за време на протестите, или во други прилики, во кои се забележува дека Северна Македонија како држава, која започна води и спроведува процеси кои се дел од евроатлантските интеграции, е навистина сериозна мета на хибридите напади, а тоа се хибридни напади кои имаат цели што се слични на одредени политички структури и инсталации во земјата, кои сакаат со тие напади, одејќи по течението на тие хибридни напади, да постигнат свои политички цели. Комбинацијата од сето тоа е во една деликатна, една навистина длабока, многу внимателна на тимот и соработниците на ЦИВИЛ, да ги откријат сите нијанси, да ги откријат мотивите, да ги откријат начините на функционирање, и сето тоа во една динамична медиумска активност, да го претстават пред јавноста. Тоа е едната, онаа медиумска акција која се зафаќа зад димната завеса. Меѓутоа, ние како организација никогаш не сме биле организација која се занимава само со медиумска или тинк-тенковска работа, туку секогаш сме во комуникација со граѓан(к)ите.

Граѓанскиот дел од овој проект се состои во нашата директна комуникација со граѓанките и граѓаните, преку комуникација во општините, со инфо штандови, наши екипи одат и разговараат со граѓанките и граѓаните, поставуваат инфо штандови на кои луѓето доаѓаат да разговараат и прашуваа, некои од нив напаѓаат, критикуваат и тн. Но ние сме тука за директна комуникација со нив, се разбира, граѓан(к)ите ни се обраќаат и по различни други патишта, од телефон, до мејл, до јавни коментари на Фејсбук и Твитер, но и во пораки на Фејсбук страницата.“, вели Дерала.

Во однос на пропагандната машинерија во Македонија, Дерала направи една паралела со правилата на снајперистите.

Би сакал да направам една малку морбидна паралела со правилото со кое се носи секој снајперист. Снајперистот, никогаш кога има мета, кога сака да постигна голема летална моќ, односно, неговата работа како снајперист кој сака да постигне голем број жртви, а не само еден, ако сака да онеспособи еден сектор од боиштето, тој не ја убива својата жртва.

Тој ја ранува, на тој начин што ја онеспособува да избега од местото, на пример во колено, болката е огромна и вие не можете да се движите. И тогаш, привлекува луѓе кои иако знаат дека од другата страна има снајперист, знаат да одат да се обидат да му помогнат. Тогаш тој и другиот го погодува, и третиот, и тоа е една страотна, морбидна, крволочна тактика, и некои од снајперистите, според интервјуто што го направив 2006 година, во Сараево, знае да стигне до седум-осум жртви да паднат, само заради тоа што бил доволно тактичен.

Истото се случува и со нашата земја, кога вие ќе ја нападнете Македонија по сите основи, пропагандно, со дезинформации, со подривање, со долготрајна пропагандна активност во која вие го поткопувате системот, но не само системот туку и општеството, на тој начин што кај луѓето предизвикувате постојано да се сомневаат во институциите, постојано да се сомневаат во другата заедница, постојано да се сомневаат во државата, постојано да се сомневаат во тоа што им доаѓа како изјава од западот, да речеме, вам ви вели Урсула фон дер Лајен дека македонскиот јазик се почитува, дека таа доаѓа  од Брисел во македонскиот парламент, да говори, вие и тука се сомневате, мора да има нешто… Тоа се постигнува со долготрајна индоктринација, односно нарушување на довербата и на општествените баланси, процеси итн…

Камера: Биљана Јордановска

Монтажа: Ариан Мехмети 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ