Важно е тоа што секоја недела, а некогаш дури и почесто, од ова студио, мислам дека најмногу се прослави по онаа серија од сто интервјуа во рубриката „Дистрикт“, токму со Зоран Иванов, е нешто каде што ние се обидуваме да дојдеме до фактите, да ги разобличиме пропагандните активности и пораки, да ги разобличиме дезинформациите, кое се навистина со извонредно интензивно темпо присутни во медиумите, во социјалните мрежи, но и во институции како што е парламентот, вели Џабир Дерала на панелот на ЦИВИЛ на тема „Слонот во собата“, што се одржа на 21 јули 2022 година.
И, се разбира, од говорниците на улица за време на протестите, или во други прилики, во кои се забележува дека Северна Македонија како држава, која започна води и спроведува процеси кои се дел од евроатлантските интеграции, е навистина сериозна мета на хибридите напади, а тоа се хибридни напади кои имаат цели што се слични на одредени политички структури и инсталации во земјата, кои сакаат со тие напади, одејќи по течението на тие хибридни напади, да постигнат свои политички цели. Комбинацијата од сето тоа е во една деликатна, една навистина длабока, многу внимателна на тимот и соработниците на ЦИВИЛ, да ги откријат сите нијанси, да ги откријат мотивите, да ги откријат начините на функционирање, и сето тоа во една динамична медиумска активност, да го претстават пред јавноста. Тоа е едната, онаа медиумска акција која се зафаќа зад димната завеса. Меѓутоа, ние како организација никогаш не сме биле организација која се занимава само со медиумска или тинк-тенковска работа, туку секогаш сме во комуникација со граѓан(к)ите.
Граѓанскиот дел од овој проект се состои во нашата директна комуникација со граѓанките и граѓаните, преку комуникација во општините, со инфо штандови, наши екипи одат и разговараат со граѓанките и граѓаните, поставуваат инфо штандови на кои луѓето доаѓаат да разговараат и прашуваа, некои од нив напаѓаат, критикуваат и тн. Но ние сме тука за директна комуникација со нив, се разбира, граѓан(к)ите ни се обраќаат и по различни други патишта, од телефон, до мејл, до јавни коментари на Фејсбук и Твитер, но и во пораки на Фејсбук страницата.“, вели Дерала.
Во однос на пропагандната машинерија во Македонија, Дерала направи една паралела со правилата на снајперистите.
Би сакал да направам една малку морбидна паралела со правилото со кое се носи секој снајперист. Снајперистот, никогаш кога има мета, кога сака да постигна голема летална моќ, односно, неговата работа како снајперист кој сака да постигне голем број жртви, а не само еден, ако сака да онеспособи еден сектор од боиштето, тој не ја убива својата жртва.
Тој ја ранува, на тој начин што ја онеспособува да избега од местото, на пример во колено, болката е огромна и вие не можете да се движите. И тогаш, привлекува луѓе кои иако знаат дека од другата страна има снајперист, знаат да одат да се обидат да му помогнат. Тогаш тој и другиот го погодува, и третиот, и тоа е една страотна, морбидна, крволочна тактика, и некои од снајперистите, според интервјуто што го направив 2006 година, во Сараево, знае да стигне до седум-осум жртви да паднат, само заради тоа што бил доволно тактичен.
Истото се случува и со нашата земја, кога вие ќе ја нападнете Македонија по сите основи, пропагандно, со дезинформации, со подривање, со долготрајна пропагандна активност во која вие го поткопувате системот, но не само системот туку и општеството, на тој начин што кај луѓето предизвикувате постојано да се сомневаат во институциите, постојано да се сомневаат во другата заедница, постојано да се сомневаат во државата, постојано да се сомневаат во тоа што им доаѓа како изјава од западот, да речеме, вам ви вели Урсула фон дер Лајен дека македонскиот јазик се почитува, дека таа доаѓа од Брисел во македонскиот парламент, да говори, вие и тука се сомневате, мора да има нешто… Тоа се постигнува со долготрајна индоктринација, односно нарушување на довербата и на општествените баланси, процеси итн…
Камера: Биљана Јордановска
Монтажа: Ариан Мехмети