„Секое сопнување на пат кон Европска Унија во нашата земја се создава огромен потенцијал за уназадување на демократските процеси, и секое отстапување, макар и најмало, му дава простор на хибридниот напад на демократските институции во нашата земја, кој не произлегува само од ултранационалистичките, екстемистичките, радикалните, но и потврдено со судски предмети и криминалните структури, туку и однадвор се разбира пред сè од авторитарните режими, предводени од човекот што седи во Кремељ“, истакна Џабир Дерала од ЦИВИЛ на вчерашната дискусија на тема „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската унија”, во организација на Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА, по повод 9-ти Мај – Денот на Европа.
Тој нагласи дека Европа треба да го слушне нашиот глас дека ова не е само молба, туку треба да земат пример од нашата лоша ситуација дека тоа може да биде загрозување и на нивните фундаменти.
„Европска унија мора да разбере дека ваквите негативни трендови што се појавуваат во нејзините рамки, без оглед на тоа што ние не сме членка на ЕУ, директно ги загрозува и нејзините фундаменти, затоа што довербата на граѓанките и граѓаните во институциите на системот, и кај нас и во Европа, е исклучително кревка категорија, кревка работа и едвај чекаат структурите и центрите на моќта кои ќе ја видат поколебана Европа да направат следен чекор во таа долга игра на „шах“, во која од една страна се европските вредности, мултикултурализмот, човековите права и слободи, еднаквоста, правдата… и од другара страна авторитарните, мрачните режими… Заради тоа е потребно Европа да го сфати ова не само како сигнал и молба, туку да го сфати како предупредување за ризиците со кои ќе се соочува заради нејзината процедуралност која му дозволува на еден таков спор да стане високо европски проблем што е крајно бесмислено“, потенцира Дерала.
Д. Муратов
монтажа: Ариан Мехмети