• Latest

Дерала: ЦИВИЛ нотира злоупотреби, говор на омраза и низа слабости во изборниот процес

April 10, 2019
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: ЦИВИЛ нотира злоупотреби, говор на омраза и низа слабости во изборниот процес

April 10, 2019 17:46
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ви пренесуваме акценти од излагањето на Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, кој ги претстави прелиминарните резултати од изборниот мониторинг на организацијата, на Конференцијата „Какви избори – таква иднина“ што се одржа денеска во Скопје, со учество на релевантни претставници на институциите, медиумите и експертската заедница, а во присуство на голем број дипломатскии претставници и заинтересирани граѓанки и граѓани.

160 акредитирани набљудувачи на ЦИВИЛ

Неспорно е дека се наоѓаме во деликатен политички момент. Нашата организација се наоѓа во фаза кога секојдневно добиваме информации и извештаи од граѓанските новинарки и новинари, набљудувачите, граѓанките и граѓаните, од невладини организации, кои се јавуваат во ЦИВИЛ. Се разбира, и нашиот тим е постојано некаде на терен. На нашата мапа се наоѓаат сите населени места, без оглед на тоа дали се работи за град или село, поголемо или помало населено место. Изборите ќе ги набљудуваме со точно 160 акредитирани набљудувачи.

Нема потреба да се оди на митинзите затоа што сите се буквално цело време на Фејсбук. Во живо се емитуваат настаните, во живо се случуваат коментарите и доволно е нашите набљудувачи да бидат пред компјутер или на телефон, за да следат сѐ што се случува. Се разбира, ние постојано ќе бидеме на терен и будно ќе ги детектираме сите неправилности што камерите не ги забележуваат, а тоа е најважно.

Ќе ги набројам главните наоди на ЦИВИЛ од досегашното набљудување.

Предвремена кампања

Не беше тешко да се утврди и флагрантно кршење на правилата со предвреме започната кампања.

ЦИВИЛ нотира дека изборната кампања е одамна и предвремено започната. Политичките партии ги користат сите можни начини за да ја бајпасираат регулативата и да допрат до гласачите, користејќи се со големиот број недостатоци во Изборниот законик кој е преполн со дупки, како швајцарско сирење.

Загрижува тоа што политичките партии сѐ уште не научија да го почитуваат гласачот и дејствуваат спротивно на демократските стандарди.

Говор на омраза

Највидлив е говорот на омразата, кој и во овие избори е во арсеналот на оружјата на политичките структури во обидот да освојат политички поени или да го дисквалификува политичкиот противник.

Говорот на омраза е очигледно планиран и се одвива во фази и се заснова на етничка, верска и антимигрантска хистерија, а не изостануваат и лични дисквалификации на кандидатите. Тоа се рефлектира и во медиумите, кои се дел од нашето набљудување.

Политичко финансирање

ЦИВИЛ будно внимава и на политичкото финансирање. Се обидуваме да откриеме дали финансирањето е соодветно на законите. И тука бележиме дека, онака како што е регулирано политичкото финансирање во законот, пред сѐ во делот на финансиските извештаи, се овозможува долг временски период за нивно поднесување, што овозможува нивно „штелување“. Очекуваме партиите да ја известат јавноста за начините на финансирање, иако имаме навестувања дека еден дел од кампањата нема да биде дел од извештаите.

Злоупотреба на деца и малолетници

ЦИВИЛ нотира и злоупотреба на деца и малолетници во кампањата. Упатуваме повик до сите политички партии и до родителите да ги остават децата настрана од политиката. Ги гледаме на митинзите, на Фејсбук, на ТВ спотовите…

Забележавме дека во досегашната кампања многу лесно се присвојуваат идеи и пораки, цели делови од кампањата се вештачки наметнати, односно тие се украдени од други политички или граѓански наследства.

Кршење на изборниот молк

Има очигледни најави за кршење на изборниот молк. Веќе има два случаи на најави на активности на 21 април и на 5 мај, на деновите на гласање, во изборен молк. Ги повикуваме надлежните да ги отстранат овие неправилности.

Изборен поткуп

Запознаени сме, врз основа на извештаи од теренот, дека се подготвува изборен поткуп, но поткупот за поединечен глас веќе не е 500 денари, туку покачена е цената на гласот, па сега е 1.000, а можеби ќе достигне и повисока цена.

Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани да помогнат во борбата со корупцијата, особено во изборниот период.

Позитивни промени

Нотиравме и позитивни промени, подобрена работа на системот, Државна комисија за спречување корупција која најавува дека со сите капацитети се впушта во борба против корупцијата.

За првпат, со овој состав имаме позитивно искуство со Државната изборна комисија, која покажува отвореност за соработка. Се разбира, тоа е ситуација која може да се промени во секој момент, да се надеваме кон подобро.

Забележавме сериозен технолошко-комуникациски скок во целата кампања, како и во начинот на функционирање на институциите, кои покажуваат дека се подготвени да одат во чекор со технологијата.

Доминација на политичките партии

Иако се претседателски избори, ова е изборен процес кој има карактер на парламентарни избори. Слушаме говори кои може да се однесуваат и на локални избори, регистрираме многу сериозно инволвирање на врвовите на политичките партии, ситуација во која кандидатите за претседател губат од видливоста.

Очекуваме мирни изборни денови, особено во првиот круг, со извесни тензии во последни 2-3 часа, но не очекуваме инциденти.

обработка на текст: И. К. Илиевски
фотографии: Тимот на ЦИВИЛ

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Share39TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ