• Latest
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026 07:15
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Share on FacebookShare on Twitter

Судбината на поранешниот премиер Никола Груевски, можните политички договори, економските притисоци, победата на Петер Маѓар, врските на македонската власт со Виктор Орбан, како и пошироките регионални влијанија беа во фокусот на разговорот со Џабир Дерала од ЦИВИЛ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24, со уредничката Билјана Секуловска-Ива.

Иако во јавноста се говори за „неизвесна судбина“, Дерала смета дека сценариото околу Груевски е во голема мера предвидливо.

„Мислам дека многу добро знае што ќе се случува,“ вели тој, посочувајќи дека случајот веќе се движи во рамки на политички и институционални пресметки.

Според него, евентуалното враќање на Груевски нема да биде едноставен правен чин, туку дел од поширока, внимателно менаџирана постапка. Можно е да се повторат судските процеси, додека нивниот исход ќе се креира во контролирани услови. „Судовите одеднаш ќе станат ефикасни и дарежливи,“ изјави Дерала, упатувајќи и на можни договори за евентуално политичко враќање на Груевски.

Во таа смисла, тој ја доведува во прашање категоричноста на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека таа е насочена кон меѓународната публика. „Ги менува изјавите зависно од публиката… тој најчесто е недоследен,“ вели Дерала, додавајќи дека префрлањето на одговорноста кон Министерството за правда е само „мал трик за јавноста“.

Премиерот, според него, се наоѓа меѓу повеќе огнови – од партијата, јавноста и Брисел. Но, клучниот предизвик не е политичкиот, туку економскиот. „Многу поголем проблем е тоа што нема пари во касата,“ нагласува Дерала.

Тој предупредува дека средствата поврзани со Унгарија се крајно неизвесни по падот на Орбан, што ја стеснува маневарската позиција на владата. Во такви услови, изборот се сведува на задолжување од Кина – со сериозна политичка цена – или од меѓународните финансиски институции, кои бараат владеење на правото и антикорупциски мерки.

Во однос на самиот Груевски, Дерала оценува дека, доколку се врати, тоа ќе биде од позиција на финансиска и политичка сила. „Ќе се врати како богат човек… со мрежа на поддршка и капацитет да води операции,“ вели тој, предупредувајќи дека тие активности ќе се претстават како „спас на Македонија“.

Во вториот дел од разговорот, фокусот се префрли на барањата на Венко Филипче за истрага на „тајни договори“ поврзани со кругот на Орбан. Според Дерала, политичките промени во Унгарија може да доведат до пресекување на тие врски.

„Маѓар ќе направи сè за да ги прекине каналите на влијание и бизниси што се спротивни на европските стандарди,“ оценува тој, посочувајќи дека финансискиот поттик од Брисел – до 35 милијарди евра – создава силен притисок за реформи.

Токму оваа перспектива, според него, предизвикува нервоза и во Северна Македонија. „Реакциите зборуваат сами за себе… тие врски, најблаго кажано, се сомнителни,“ вели Дерала, предупредувајќи дека евентуална истрага би открила проблематични и нелегални врски меѓу политиката и бизнисот. Тој додава дека случајот со Груевски може повторно да стане централна тема – но како одвлекување на вниманието, односно дека тој може да биде медиумски експлоатиран, додека вистинските прашања ќе останат во сенка.

Разговорот се прошири и на регионалните влијанија, вклучително и улогата на Александар Вучиќ и врските со Москва кои во македонската јавност се негираат. „Најдобриот трик на ѓаволот е да ве убеди дека не постои,“ вели Дерала, нагласувајќи дека мрежите на влијание не исчезнуваат со една политичка промена.

Во завршниот дел од интервјуто, тој предупредува дека вистинската борба во Унгарија допрва започнува. Орбан има инсталации во системот – толку длабоко што тешко ќе може да се искоренат. Демонтирањето ќе оди многу споро, тврди Дерала.

„Ќе има влијанија од Москва, од Белград, од други центри… тие мрежи ќе гледаат да го рекорумпираат системот,“ додава тој.

Анализирајќи го поразот на Орбан, Дерала посочува дека социјалните фактори биле важни, но не и доволни. Клучна била долгорочната, организирана работа на опозицијата. „Се работи за процес од две и пол години, со илјадници луѓе… тоа не е нешто што се случува преку ноќ,“ нагласува тој.

Тој укажува и на обемот на скриените операции: „Тоа што го видовме – сметајте дека уште десет пати по толку не сме виделе,“ вели Дерала.

Клучниот пресврт, според него, е геополитичкиот правец. „Најважно е целосното свртување кон Брисел, кон европските и демократските вредности – и напуштањето на рускиот брод“, вели тој. Сепак, предупредува дека процесот ќе биде долг и неизвесен. „Тоа ќе биде тежок, болен и проблематичен процес… со можни враќања назад,“ оценува Дерала.

Во тој контекст, тој ја истакнува и улогата на Северна Македонија – како предупредување, но и како искуство од кое може да се учи.

„Ние како земја треба да земеме пример од тоа што се случуваше, исто како што можеме да послужиме и како пример за идниот развој на Унгарија. И да не очекуваме чуда заради тоа што изборната победа може многу лесно да избледнее, ако не се земат работите цврсто в раце, а тоа е порака и до нашата јавност“, изјави Дерала на самиот крај од получасовното интервју.

Емисијата „Аргумент плус“ редовно нуди аналитички дебати и различни перспективи за општествените и политичките случувања, со цел да придонесе кон поинформирана јавност и отворен дијалог.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ