• Latest

Деркоски: Најлесно е топката да се префрли на Државната изборна комисија

February 25, 2019

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Деркоски: Најлесно е топката да се префрли на Државната изборна комисија

February 25, 2019 17:13
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија, во овој состав, се исправа пред уште еден предизвик, претседателските избори. Проблемите со Избирачкиот список, избирачките одбори, недореченостите во Изборниот законик и низа други прашања беа предмет на разговорот на ЦИВИЛ Медиа со претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

ЦИВИЛ Медиа: До ЦИВИЛ дојдоа првите пријави за неправилности во Избирачкиот список. Во каква состојба е Избирачкиот список и што можат да направат гласачите доколку забележат дека нешто не е во ред?

ДЕРКОСКИ: Во саботата започна јавниот увид во Избирачкиот список и ќе трае 20 дена. Добро е што стигнале пријавите до вас, но би било добро граѓаните да ги упатите и до нас. Ако веќе не го сториле тоа, да се обратат во подрачните одделенија и до ДИК за да се исправат грешките по порверката, доколку ги има. Не можеме генерално да земеме дека ИС е лош или добар, затоа што тој е динамична материја којашто постојано се ажурира. Во моментот, од денот на распишување на изборите до денешниот ден, се водат над 10.000 управни постапки за менување на некој личен податок на граѓаните. Додека траат тие постапки, се јавуваат различни податоци во ИС за истото лице.

Доколку менувате нови документи или поминал рокот на важење на личната карта или патната исправа, во истиот момент МВР ве брише од ИС сè додека трае постапката. По завршување на постапката, имате право, како граѓанин, да се пријавите во ИС за време на јавниот увид.

Како пример, пред распишување на изборите, се обративме до МВР и добивме информација дека повеќе од 6-7 илјади готови документи стојат во МВР неподигнати. Апелиравме до граѓаните да ги подигнат документите, затоа што само во тој момент тие влегуваат во ИС и добиваат право на глас. Но тоа не значи дека во ИС има таканаречени фанотми. Сите се здрави и живи луѓе, фала богу, меѓутоа треба да се потрудиме ние сите, како држава, во наредниот период да направиме некои институционални измени што ќе доведат до регулирање на правата и обврските на граѓаните со цел подобро ажурирање на списокот.

ЦИВИЛ Медиа: Но, сме се соочиле со ситуација, на пример, на одредено место на живеење, освен четиричлено семејство, што живее таму, на таа адреса на ИС да има и уште еден, двајца, тројца луѓе што ниту живееле некогаш на таа адреса, ниту пак некаде постојат. Односно доколку се реални, кој е одговорен за пропустот? Дали е тоа МВР што треба да одговори на ова прашање или некоја друга институција? Зошто секогаш топката се префрла кај вас, со оглед на претходното искуство? 

ДЕРКОСКИ: Најлесно е да се префрли топката кај нас. Актуелна е темата пред избори. Меѓутоа, има ситуации какви што посочивте. Еден од примерите е кога општините што се надлежни за именување и менување на улиците, најчесто менуваат без претходно да ги ажурираат податоците од старата улица, адресите… Граѓаните, иако имаат законска обврска во рок од 30 дена да ја променат адресата, не ја менуваат. Сите, вклучувајќи ме и мене. Затоа, на иста улица, на иста адреса наоѓате повеќе разни лица, од коишто некои познавате, а некои не ги познавате.

Пример, во мојот град, во Прилеп, имате улица „Народен херој Чопела“ што се наоѓа во центарот на градот, но исто име на улица има и во прилепската населба Варош. И можете на иста адреса во ИС да најдете луѓе во центарот што ги познавате, ама другите не ги познавате. Друг пример, во Скопје имате улица „Скупи“, на која имате, под еден број, дури 120 куќи со живи луѓе, што имаат важечки документи…

Зошто е тоа така? Затоа што Градот Скопје, да речеме, не го вовел уличниот систем во населбата Визбегово, каде што се наоѓа улицата и куќите немаат редни броеви. А зошто е тоа така? Затоа што, во меѓувреме, тие луѓе вршат легализација на својот имот, тоа биле дивоградби и не можеле да влезат во нормалниот уличен систем.

Повеќе фактори има во државата, не може оваа ситуација така лесно да се генерализира. Во секој случај, треба да се погрижиме институционално да го решиме овој проблем.

Градот Скопје, да речеме, не го вовел уличниот систем во населбата Визбегово, каде што се наоѓа улицата и куќите немаат редни броеви. А зошто е тоа така? Затоа што, во меѓувреме, тие луѓе вршат легализација на својот имот, тоа биле дивоградби и не можеле да влезат во нормалниот уличен систем.

ЦИВИЛ МЕДИА: За овие пропусти што се влечат со години, дали треба да постои некоја одговорност, конечно тие системски да профункционираат како што треба? 

Оливер Деркоски, претседател на ДИК/ Фотографија: Д. Муратов, ЦИВИЛ

Апелиравме до граѓаните да ги подигнат документите, затоа што само во тој момент тие влегуваат во ИС и добиваат право на глас. Но тоа не значи дека во ИС има таканаречени фанотми. Сите се здрави и живи луѓе, фала богу, меѓутоа треба да се потрудиме ние сите, како држава, во наредниот период да направиме некои институционални измени што ќе доведат до регулирање на правата и обврските на граѓаните со цел подобро ажурирање на списокот.

ДЕРКОСКИ: Одговорност треба да имаат институциите што се надлежни. Меѓутоа, гледаме  дека ништо не се решава, дури и да биде повикан некој на одговорност. Ова не е проблем од сега, туку се влече со години наназад. Треба да сме свесни дека кончено треба да се направи регистар на граѓани во државата што практично ќе значи концентрација на податоците на граѓаните на едно место и полесно ќе може да се ажурираат. Тогаш, полесно ќе биде и да се спроведуваат изборите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Неодамна спомнавте дека Избирачките одбори се најслабата карика во изборната администрација. Кои мерки ќе ги преземете за да го подобрите квалитетот на работата на овие тела?

ДЕРКОСКИ: Нашата анализа, на овој состав, веднаш по Референдумот, укажа дека најслаба карика беа избирачките одбори, без намера да ги навредам тие луѓе. Имавме организациски проблем. Затоа, во овој период презедовме една мала акција, би рекол, односно, со помош на ИФЕС, се организиравме да направиме нова програма за обука на членовите на ИО. Преку неа, помали групи до 30 членови на ИО ќе имаат обуки од едукатори што ги ангажира ДИК, заедно со ИФЕС. Тие се претходно обучени од овластени обучувачи да извршат обука на тие помали групи, со цел да се подигне нивото на едуцираност на членовите на ИО и, се разбира, довербата меѓу нив. На тој начин сметам дека, како прв чекор,  ќе даде резултат веќе во наредниот изборен циклус. Плус и со оваа работа ние одлучивме да не прекинеме тука, туку да продолжиме и во постизборниот период како континуирана обука. Само на тој начин, ние можеме вистински да организираме избори со одговорна изборна администрација.

Сега, во избирачките одбори, бидејќи се бираат согласно законското решение од јавната администрација, многу често има луѓе што едноставно се чувствуваат дека се насила натерани да бидат учесници во тој изборен процес. Сметам дека тоа треба да се промени. Ние ќе вршиме сертифицирање на истите, со цел вистинските луѓе да бидат одбрани, односно оние што сакаат да си ја вршат работата. Нема друг начин. Мора со овој проект да продолжиме понатаму, за да дојдеме до едно повисоко ниво на стручност на лицата задолжени на денот на изборите да ја водат главната работа.

Државната изборна комисија како еден од чинителите во целиот процес, организатор и спроведувач на изборите, ќе воведе некои новини што ќе значат поголема транспарентност на целиот процес. Резултатите на крајот на денот ќе стигаат побрзо, затоа што ќе воведеме некои нови инструменти на трансфер на резултатите. Исто така, во текот на денот ќе им овозможиме на лицата со попреченост повеќе да бидат вклучени во целиот процес. Првпат ќе гласаат лица во старски домови, во најголемиот државен во Скопје и во најголемиот приватен старски дом.

ЦИВИЛ МЕДИА: Но, што ако на денот на гласање се случи некој проблем токму со ИО? Кои се законските мерки за санкционирање на проблемот?   

ДЕРКОСКИ: Законски мерки се дисциплинска постапка против членот на ИО, согласно Законот за јавна администрација. Според овој закон, членот можеме веднаш да го смениме. Општинската изборна комисија добива насока, но и самата може да одлучи да го промени членот или заменикот на ИО. Доколку има таков проблематичен член. Составот има доволно членови, така што со мнозинството од членовите може да работи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите пораки до јавноста, до учесниците во изборната трка и до институциите во пресрет на претседателските избори?

ДЕРКОСКИ: Државната изборна комисија како еден од чинителите во целиот процес, организатор и спроведувач на изборите, ќе воведе некои новини што ќе значат поголема транспарентност на целиот процес. Резултатите на крајот на денот ќе стигаат побрзо, затоа што ќе воведеме некои нови инструменти на трансфер на резултатите. Исто така, во текот на денот ќе им овозможиме на лицата со попреченост повеќе да бидат вклучени во целиот процес. Првпат ќе гласаат лица во старски домови, во најголемиот државен во Скопје и во најголемиот приватен старски дом.

Ние ќе направиме сè што се однесува до нас процесот да биде добро организиран, меѓутоа, тоа не зависи само од нас. Зависи и од другите чинители во овој процес. Тоа ќе бидат кандидатите за претседатели и нивните поддржувачи што ќе треба да се погрижат во текот на целата кампања да ја направат на еден коректен и фер начин, да се доближат до граѓаните на истиот начин и да ја побараат нивната доверба. На крајот денот да можеме да констатираме дека целиот процес бил фер и коректно организиран.

А од мониторите што ќе го набљудуваат овој процес да добиеме преодна оценка, затоа што граѓаните на Република Македонија заслужуваат да биде категоризирана нивната држава во рангот на европските демократии, а не во рангот на некои други демократии во кои се практикуваат други инструменти при примена на демократија.

Биљана Јордановска (текст и монтажа)
Камера: Дехран Муратов

Share23TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ