• Latest
Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Деркоски: Сите учесници на избори и граѓаните да внимаваат на мерките за заштита од Ковид-19

June 18, 2020
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивограба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Деркоски: Сите учесници на избори и граѓаните да внимаваат на мерките за заштита од Ковид-19

June 18, 2020 13:19
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски по денешното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори истакна дека претстојните избори 2020 година ќе се одвиваат во исклучително сложена ситуција, пред се поради пандемија од Ковид 19. Најави дека во наредните денови ќе бидат изготвени здравствените протоколи врз основа на кои ДИК ќе направи упатства за гласање.

„Предизвик на сите нас кои го организираме процесот, меѓутоа и пред сите кои учествуваат во процесот. Јас се надевам дека сите учесници ќе си земат обврска да ги испочитуваат протоколите за заштита на здравјето на граѓаните, а до граѓаните апелирам да веруваат во институциите дека овој процес ќе се организира на најдобар можен безбеден начин за да можат да го остварат своето право на глас. Впрочем, тие се на ред на наредните избори за да можат да го дадат својот глас и да одлучат понатаму како ќе се одвива состојбата во нашата држава“, истакна Деркоски.

Во изјавата за медиумите, претседателот на ДИК посочи дека во наредните денови ќе бидат готови здравствените протоколи.

„Треба да стигне до ДИК протокол како треба да се организираат настаните што значат гласање, два дена, ден и на денот на изборите за заштита и на граѓаните, меѓутоа и на изборните органи. Тие ние ќе ги пропишеме во наше упатство, подзаконски акти, и со тоа ќе се обидеме да ги заштитиме граѓаните на најдобар можен начин. Јас сум убеден дека ќе успееме во тоа и покрај сите предизвици што ги имаме“, рече Деркоски.

Членови на ДИК заедно со нивните служби во текот на следните денови, како што информираше тој, ќе излезат на терен да извршат проверка и да најдат соодветни гласачки места со цел да обезбедат безбедно гласање.

„Сите гласачки места ќе бидат во доволна квадратура за да може безбедно да се гласа, ќе бидат со  прозорци коишто може да бидат цел ден отворени за проветрување на просторијата и да се обезбеди дистанца внатре меѓу учесниците во избирачкиот одбор, и секако и на набљудувачите на процесот и да се обезбеди ред. Просториите ќе бидат на приземје секаде, ќе се користат сите спортските сали, ќе се користат и ходниците во училиштата претежно затоа што најголем дел гласачките места се во училиштата за да може на колку што може поотворен простор се одвива гласањето“, рече претседателот на ДИК.

Деркоски соопшти дека МВР денеска го достави Избирачкиот список, што сега поминува во втора фаза на обработка.

ДИК најави дека ќе обезбеди опрема за лајв стриминг за да може да се следат седниците на Комисијата, а ќе биде овозможена платформа преку која новинарите ќе можат да поставуваат прашања.

„Сакаме фер и демоктратски избори со рамноправно учество на сите учесници во овој процес. Очекувам одговорност од сите учесници во изборниот процес. Слободната волја на граѓаните е врв на демократска придобивка која тие треба да ја искористат“, изјави денеска по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Ги повика граѓаните да учествуваат на изборите и да го дадат својот глас.

„Во минатото се случуваше често гласот на граѓаните да се злоупотреби или попречи. И тоа цела една деценија. Но во повеќе изборни циклуси покажавме дека тоа време заврши. Денес Северна Македонија е слободна и демократска земја. На 15 јули ќе имаме демократски избори. Сто проценти здравствено безбедни со огромно внимание на следење на протоколите и на сите мерки“, рече Николовски.

Изрази уверување дека мнозинството граѓани почитувајќи ги доследно мерките за заштита ќе излезат на гласање и ќе се определат за СДСМ и коалицијата „Можеме“.

„Луѓето сакаат европска иднина и прогрес, не сакаат уназадување и изолација. Луѓето сакаат безбедност, каква што добивме со членството во НАТО. Не сакаат несигурна иднина. Луѓето сакаат зголемена минимална и просечна плата, и нормален живот. Не сакаат да живеат во страв, неизвесност и притисоци“, оцени Николовски.

Во однос на текот на кампањата, рече дека СДСМ нема да организираат големи и настани и митинзи, туку ќе се фокусираат на кампања која ќе биде безбедна по здравјето на граѓаните.

„Митинзите ги откажавме и први тоа го објавивме затоа што се што треба да правиме треба да биде стопроцентно безбедно. Здравјето на граѓаните мора да биде заштитено, на сите учесници на сите членови активисти на сите оние кои се дел од изборниот процес. Како и досега и отсега ке ги користиме сите нови можности и модерни алатки кои стојат на располагање. Ќе продолжиме да ги користиме социјалните медиуми, традиционалните медиуми, билборди, друг тип на он лајн кампања и внимателно следејќи ја здавствената криза ќе ги димензионираме активностите на нашите кандидати кои ќе треба да се претстават пред граѓаните“, рече Николовски. 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ