На дневен ред на собраниската комисија за надворешна политика, денеска се одлучуваше за 10 нови амбасадори во 10 светски метрополи.
Седницата се одвиваше зад затворени врати и се води завршниот разговор за конечната одлука.
Игор Џундев се спрема за вонреден и полномоштен амбасадор, постојан представник на Република Македонија во меѓународните организации во Виена, Горан Стевчевски во Унгарија, Оливер Крлиу за амбасадор во Шпанија, Ненад Колев во Австрија, Абдулкадер Мемеди во Обединетите Арапски Емирати, Сузана Зеленковска во Словенија, Екрем Ебиби во Босна и Херцеговина, Рамадан Азифи во Сојузна Република Германија, Крум Ефремов во Украина и Мира Крајачиќ во Кралството Шведска.
А. Зеќири