• Latest

(ВИДЕО)Дескоска: Демократијата е скапа работа, но не смее заради финансиски средства да се ускратува правото на глас на дијаспората

May 13, 2021

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

(ВИДЕО)Дескоска: Демократијата е скапа работа, но не смее заради финансиски средства да се ускратува правото на глас на дијаспората

May 13, 2021 15:29
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Пред сите избори се работи на измени на Изборниот законик. Мислам дека самиот законик, сам по себе не трпи веќе толку измени, не е читлив, текстот е хаотичен и затоа е подобро да се отиде кон нов Изборен законик. Клучните пунктови на кои треба да се обрне внимание во носење на нов Изборен законик треба да биде во делот на она што значи прочистување на Избирачкиот список, односно негово постојано апдејтирање до денот на изборите. Значајни се и правните апекти по завршување на изборите, а тоа постапката за обезбедување на ефикасни прави лекови. Граѓани како учесници во изборниот процес немаат ефикасен правен лек за заштита на гласачкото право“, изјави професорката Рената Дескоска на панел дискусијата на ЦИВИЛ  на тема  „Какви закони, такви избори“.

„Мене ме изненадува што некои институции како Државната изборна комисија, не е промотор на идејата да се обезбедат ефикасни правни лекови, туку напротив, гледам понекогаш, во одредени ситуации отпор кај нив бидејќи тоа ќе значи зголемување на работата на ДИК. Но, тие, пред сè, имаат задача да спроведат фер и регуларни избори без оглед дали тоа ќе значи дополнително оптоварување на нивната задача или не“, додаде Дескоска.

„Треба да се земе сериозно како препорака кога ќе отвори процесот за носење нов Избирен законик е постапката за избор на членови на ДИК. Мислам дека политичките партии треба да ги надминат сопствените лични интереси и да ги отворат вратите за избор на лица со професионален интегритет во ДИК. Препораката за транспарентна постапка при избор на членови на ДИК, мислам дека е препорака која што е редно да се спорведе. Кај нас веќе имаме еден добар модел во постапката во избор на членови на ДКСК“, истакна Дескоска.

Таа додаде дека често пати има формалистички пристап кон разгледување на приговорите што значи дека приговорите што ги поднесуваат дури и приговорите од учесниците во изборите, кои имаат право, не добиваат соодветен третман, што е прашање на пракса.

„Лично сметам дека кај нас не е изградена доволно доверба во изборниот процес, особено меѓу актерите коишто се натпрреваруваат. Имајќи ги предвид поразвиените земји кои што технолошки се понаредни од нас имаа проблем со електронското гласање, мислам дека не е време да се воведува ваков тип на гласање во моментот. Што се однесува до гласање на дијаспората, мислам дека овој модел што постои во моментот е најсоодветен доколку постојат повеќе изборни единици. Демократијата е скапа работа, но не смее заради финансиски средства да се ускратува правото на глас на нашите граѓани што живеат во странство. Треба да се обезбеди изборниот процес да биде инклузивен и сите што имаат право на глас да можат да го остварат“, одговори Дескоска на прашањето дали е возможно да се воведе електронско гласање на дијаспората.

Б. Ј.

Камера: Атанас Петровски
Фотографија: Игор Чадиноски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ