• Latest

Дескоска: Ќе се слушнат аргументите и на нотарите и на адвокатите

June 16, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дескоска: Ќе се слушнат аргументите и на нотарите и на адвокатите

June 16, 2018 13:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека ќе се слушнат спротивставените аргументи и на нотарите и на адвокатите околу Законот за нотаријат со цел да се изнајде решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и на заштитата на правната сигурност.

–  Пред моето доаѓање, во Министерството за правда постоела работна група околу измени на законите. Изработен е Нацрт-текст којшто треба да биде разгледан и да се направат консултации. Свесна сум дека станува збор за област која е сензитивна и во која спротивставени интереси имаат различни групи кои работат во сферата на правото, но првенствена цел на Министерството за правда ќе бидат интересите на граѓаните и она што значи интерес на заштита на правната сигурност, изјави Дескоска по одбележувањето на 20-годишнината на Нотаријатот во Македонија.

Предлог-текстот, како што рече, ќе биде предмет на разгледување и ќе се дебатира и со Нотарската и со Адвокатската комора.

– Сакам да ги слушнам аргументите и на едните и на другите, но и компаративните решенија, така што ниту едно решение априори нема предност во овој момент, нагласи Дескоска, одговарајќи на новинарски прашања.

Од Нотарската комора на Македонија велат дека нотарите се доволно едуцирани за да склучуваат договори и оти не треба да им се одзема оваа надлежност имајќи предвид дека има само 0,02 проценти тужби за поништување на нотарските акти.

– Нотарите сакаат да остане нотарскиот акт како форма која е главно обележје на секој нотаријат што е член на Латинскиот нотаријат. Адвокатите никогаш не биле исклучени од постапките кај нотарите. Присуството на адвокат никогаш не било забрането и не било проблем. Секоја странка може да има адвокат и тоа и порано не беше забрането. Затоа мислам дека нотарскиот акт треба да се врати во својот полн капацитет, изјави Олга Димовска, потпретседателка на Нотарската комора на Македонија.

Во следниот период се најавува зголемена улога на нотарите во борбата против перењето пари и корупцијата, а се очекува и забрзување на процесот на дигитализација на услугите што им се нудат на граѓаните. (МИА)

Tags: Закон за нотаријатМинистерство за правдаРената Дескоска
Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ