• Latest

Дескоска: Политичките партии утре до 12 часот да поднесат амандмани

January 31, 2020

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дескоска: Политичките партии утре до 12 часот да поднесат амандмани

January 31, 2020 15:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Утре до 12 часот политичките партии да поднесат амандмани,  а потоа најверојатно до понеделник ќе биде одржана нова средба, на која ќе се разговара кои од амандманите ќе бидат прифатени. Ова го истакна министерката за правда Рената Дескоска по завршување на денешната средба на работната група на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, на која присуствуваа претставници од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Дескоска рече дека ВМРО-ДПМНЕ на средбата не дале амандмани, туку прочитале забелешки од различни ескперти што произлегоа од јавната расправа.

„Ние отворивме и дебата за толкувањето на определени ставови на експертите и видовме дека има различно читање на одредени ставови, така што се побара од нив да подготват амандмани исто како и другите политички групи што доставија и тоа да го направат до утре до 12 часот“, рече Дескоска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски предлага Министерството за правда да ги повика правните експерти кои дале мислење на расправата за законот и со нив да изготват амандмани.  Тој  рече дека се подготвени за нови средби.

ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави по средбата Милошоски, нема намера да изигрува експерт и затоа предност им дава на правните експерти. Смета дека амандман подготвен од експерти е подобар од амандман подготвен од политичка партија.

Денешната средба следува по дводневната јавна расправа на која претставници на политичките партии и експерти од оваа област имаа можност да ги изнесат своите забелешки. Министерството за правда најави дека дел од нив ќе бидат вградени во предложеното законско решение кое треба да се најдат на собраниска седница доколку политичките партии денеска ги усогласат ставовите.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери вчера изјави дека има деловничка можност Предлог-законот да биде веднаш ставен на собраниска седница доколку текстот биде усогласен.

„Има таква деловничка можност, изјави Џафери на средбата со новинарите“, додавајќи дека сè зависи од волјата на парламентарниот состав.

На неопходноста од донесување на законот за ЈО укажуваат и владините претставници и меѓународната заедница.

Новиот Предлог-закон за јавно обвинителство се очекува да биде донесен до 12 февруари, кога треба да се распушти овој собраниски состав. За неговото донесување неопходно е двотретинско мнозинство.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ