• Latest

Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ сака на мала врата да ја внесе амнестијата во Законот за Јавно обвинителство

January 29, 2020

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ сака на мала врата да ја внесе амнестијата во Законот за Јавно обвинителство

January 29, 2020 17:44
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Денеска, можевте да видите дека еден од говорниците, практично советникот на Груевски т.е. Мицкоски ги кажа главните поенти на ВМРО-ДПМНЕ и она што тие го третираат како пречка за носење на законот. Главниот проблем е всушност продолжувањето на постапките од СЈО. Тоа го кажаа денеска, веќе и јавно. Мислам дека желбата кај ВМРО-ДПМНЕ да ги заштити своите членови и поранешното раководство што се обвинети од СЈО, а кои постапки сега продолжуваат, е посилна од потребата да помогнат во евроинтеграцијата на земјата. Значи, клучните точки кои што се отворени се всушност продолжување на постапките за јавно обвинителство и градењето на ефикасен систем во рамките на ЈО за борба против криминал и корупција“, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска за ЦИВИЛ Медиа.

Дескоска истакна дека цело време намерата на ВМРО-ДПМНЕ е на мала врата да се внесе амнестија во законот што ќе значи стопирање на сите постапки што биле почнати. Дескоска потенцираше дека тоа нешто е недозволиво.

„Најтрагично и најжално беше пред неколку дена кога беше закажана поширока работна група, тие не беа спремни дури ни да разговараат бараа најразлични алибија. Сите други пратенички групи покажаа спремност да влезат во процесот и тоа ме охрабрува. Јас очекувам дека без разлика на различните ставови, без разлика на ставот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се најде мнозинство од 80 пратеници што ќе го поддржат Законот за ЈО“, истакна Дескоска.

Од она што досега можеше да се слушне на јавната расправа на која беа поканети и експерти, професори, претставници на граѓанското општество, Дескоска рече дека се слушнаа најразлични ставови, некои и дијаметрално спротивни, но охрабрувачки е што во рамките на другите пратенички групи може да се оформи мнозинство а тоа е дека нема потреба изрично во законот да се наведе дека постапките продолжуваат бидејќи истите ќе продолжат по сила на Законот за кривична постапка.

„Иако камен на сопнување е тоа дека сите постапки продолжуваат и нив тоа ги плаши, а ако не е неопходно тоа да стои, мислам дека тука можеме да градиме консензус. Како што  се што беше конструктивен предлог ќе биде ставен на разгледување, ќе се стави како опција и ќе бараме согласност… Пратениците ќе можат да извлечат заклучок затоа што имаше аргументирани ставови, но имаше и ставови што беа чисто ставови како да беа пишувани во прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ.  Мислам дека многу јасно излезе на површина поделбата на аргументи и на она што значи политичко залагање без експертска подлога“, изјави Дескоска.

Јавната расправа за Предлог законот за Јавно обвинителство денеска започна со расправа, но по прашањето дали Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, може да излезе на говорница уште еднаш или не.

Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ