Сè уште трае битката против пожарот кој избувна во регионот на Шар Планина.
Првиот човек на против пожарната бригада во Тетово, Ука Алити, потврди дека има 4 опожарени локации над тетовското село Лисец. Како што објаснува Алити, вчера пожарникарите успеале да го локализираат пожарот, но денеска се отворени нови жаришта со многу поголема површина, пренесува Фронтлајн.мк.
Тие се борат со сите капацитети, а на помош им дошле и авиони од Дирекцијата за заштита и спасување.
“Овој пожар почнал од вчера каде припадници на Противпожарната бригада интервенирале до доцните часови. Но денеска рано сабајле пожарот е повторно активиран во многу голема површина. И на овие моменти се работи во спречување на проширувањето, а денеска се активираа и авиони од Дирекцијата за заштита и спасување во газење на пожарот од небо”, изјави Алити кој е на лице место.
Алити додаде дека според првичните сомневања причина за пожарот е човечки фактор.
А.З.