• Latest

Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија

April 28, 2022

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија

April 28, 2022 13:08
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е третата панел дискусија од серијалот „Зад димната завеса“, на тема Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“. Настанот ќе се емитува во живо, на Фејсбук и Јутуб.

Учесници на настанот се проф. Весна Попоска од Универзитетот „Визион“ – Гостивар,  Зоран Бојаровски  владин советник за медиумски реформи и Филип Стојановски од Метаморфозис. Модератор на настанот е Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

Панел дискусијата е дел од проектот „Зад димната завеса“ со кој ЦИВИЛ спроведува медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата. Проектот се фокусира на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.

Зоран Бојаровски

„Се разбира, ние не можеме да кажеме дека немаат намера да влијаат, напротив, една од паралелните работи кои се одвиваат, заедно со оваа брутална и со ништо не испровоцирана војна во Украина, е силната војна и силните хибридни напади што се случуваат во сајбер просторот, односно, и во реалниот простор на интернет. Особено заради тоа што, е битно, заради тоа што според сите податоци, денеска огромен број од граѓаните, а особено, да ја наречам – погодна целна група, а тоа се младите, претежно од некоја позрела младинска група, тие во главно се на интернет. И тој тип ја прави особено погодна целна група за да се врши влијание. А влијанието се прави како што се прави со конвенционалните средства за војна, со ист интензитет се прават и овие хибридни закани во сајбер или на интернет просторот, и, се разбира, целта е да се демотивира, да се предизвика сомнеж во вредностите, во однос на  руската федерација и вредностите што таа ги почитува и негува, и тоа особено се однесува на земјите кои се или членки на Европската Унија, или на НАТО сојузот, или земји кои претендираат да бидат членки на овие сојузи кои максимално ги вреднуваат западно европските вредности.“, вели Бојаровски.

Филип Стројановски – Метаморфозис

„Многу е важно да се каже дека овој проблем е многу комплексен, и делумно потекнува од ранливоста на нашето општество на дезинформации, што е состојба којашто се констатира и вон контекстот на сегашната геополитичка состојба и војната против Украина. Од порано имаме ситуација во којашто низа причини, почнувајќи од квалитетот на образовниот систем, особините на медиумскиот простор, интерните структури за пропаганда и манипулации, коишто беа воспоставени со, и без руско учество… Имаме индикации дека дел од партиските структури се создадени и со руско учество, особено во периодот кога режимот на Груевски почна да се ниша, односно кога беше јасно дека не може да се одржи. Почнувајќи од 2015, по бомбите и после ситуацијата со Кумановските настани коишто коинцидираат со посета на тогашниот претседател на нашата држава на Кремљ, на настан кој беше бојкотиран од НАТО, на прославата на Денот на победата врз фашизмот, на 9 мај, заради тогаш почнатата војна против Украина.“, посочи Стојановски.

Весна Попоска – Универзитет „Визион“

Пропагандата како цел, не бира сектори, се шири насекаде. Секако дека секој е апсолутно одговорен за своите постапки, особено во академската заедница. Во академската заедница е многу важно да се вратиме на академскиот интегритет, надвор од она што се зборува како предуслови во звање, согласно законот за образование и законот за истражувачка дејност, и за жал, науката беше силно злоупотребена во истиот период за кој зборува Бојаровски, имавме пленум и контра пленум. Имавме и протагонисти на говор на омраза кои се промовираа како борци за човекови права, но тоа е нешто што не може да се спречи. Затоа што ако се обидете да го спречите, да го криминализирате, бидејќи дезинформациите не постојат како кривично дело во Кривичниот законик, тогаш влегувате во една друга сензитивна област, каде што практично е многу тешко да се воспостави балансот помеѓу потребата за безбедност и заштита од дезинформации и она што е поставено како стандард во согласност со Член 10 од Европската Конвенција за човекови права во делот на слобода на говор. Затоа, ние како академска заедница имаме сериозна одговорност, и граѓанското општество исто така има сериозна одговорност, исто и Владата, во однос на тоа со кого соработува и чии ставови пропагира. Медиумите исто така имаат одговорност на кого даваат простор, затоа што понекогаш, во потрага за сензационализам, канат гости кои не уживаат академски интегритет, но уживаат определени титули постигнати на различен начин, и затоа, одговорноста е споделена, порачува Попоска.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Реализација: Ариан Мехмети 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    180 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ