• Latest

Дезинформациите и стравот се во брак од интерес

October 5, 2022
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформациите и стравот се во брак од интерес

October 5, 2022 10:51
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дезинформациите и стравот се во брак од интерес. Најсликовито, тоа беше потврдено за време на претходните две години, кога стравот за здравјето и од фаталните последици што може да ги предизвика вирусот Ковид-19 создаде благотворна средина за ширење на дезинформациите.

Од таа плима од дезинформации поврзани со повеќе аспекти на вирусот и на пандемијата, не беше ниту малку поштедена ниту Македонија.

Стравот што влегува во брачни води со дезинформациите може да биде делумно и објективен, како стравот за здравјето и животот, ако им се заканува реална опасност. Но, исто така,  тој може да биде и ирационален и поттикнат. Оваа колумна се фокусира токму на стравот предизвикан од политички причини и центрите на моќ и влијание.

Кога веќе го спомнавме вирусот, нема да биде ниту најмалку погрешно и несоодветно ако дезинформациите ги гледаме како вирус. Во таа смисла, како политички вирус, дезинформациите се пандемија, која веќе има заразено огромен број луѓе.

Клиничката слика на заразените со вирусот на дезинформациите е: широк спектар на недоверба кај „оболените“, чувство на сериозен замор од вести, и најчести изговори од типот „преку глава ми е од сѐ“ и „што сака нека биде, сите се исти“.

Доколку имате повеќе од овие симптоми или сите, бидете уверени дека е време да преземете нешто.

Како последица на овие симптоми, вирусот ја менува перцепцијата на луѓето за реалноста со дезинформации, поради кои станува невозможно да се донесе рационална, разумна претстава за нештата или да се донесе одлука. Наместо тоа, се предизвикува несигурност, страв, сомневање и пасивизација или активност која најчесто започнува деструктивно.

Пренесено на реален терен, во Македонија, последниве години, стравот и дезинформациите се испреплетуваат како причина и последица, цврсто држејќи се рака под рака цело време.

Во публикацијата „’Францускиот предлог’: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации (медиумски анализи)“ што Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) ја промовираше минатата недела, Жарко Трајаноски, автор на поглавјето „Дезинформации, медиумски манипулации и теории на заговор за ‘францускиот предлог’“, нотира дека „дезинформаторските наративи во Македонија се обидуваа да кренат социјална паника, да поттикнат недоверба кон институциите, да поттикнат омраза, нетрпеливост и поларизација во општеството. Дел од нив беа насочени кон предизвикување на политичка дезориентација и дестабилизација, а некои беа во функција на политичка мобилизација за да се предизвика промена на централната власт“.

Трајаноски како наративи кои беа злоупотребени за дезинформации кои требаше да го поттикнат колективниот страв, ги издвои тие за наводно исчезнување на македонскиот јазик, дека „францускиот предлог“ го ништи македонскиот идентитет, наводното разнебитување на македонската нација, заканите за геноцидот на Македонците и некои други.

Имајќи го ова предвид, овде треба да понудиме контра-аргументи на оние што не веруваат дека нашата земја е цел на напади со дезинформации, како и на скептиците, кои велат дека „со години сме цел на напади, па еве, ништо не се постигнува“.

И тие што не веруваат и скептиците треба да знаат дека дезинформациите ја постигнуваат претпоставената цел веднаш. „Големите умови“ на пропагандата и на дезинформациите „трчаат“ на долги патеки. Тие знаат дека каменот не може да се скрши со една капка вода, но континуираните капки вода на една точка на каменот, по некое време, ќе го разнесат на парчиња.

Тука некаде е и разликата меѓу пропагандата и дезинформациите. Воопшто не се исти. Пропагандата сака да не убеди веднаш и со влијанија однадвор, а дезинформациите поттикнуваат процес кај луѓето, кој делува однатре и кој завршува со тоа што „заразените“ се убедуваат самите себе си.

Има ли нешто поефикасно од тоа да се убедиш самиот себе си?

Тоа се чекорите за влијанија на јавното мислење, кое е во суштината и еден од столбовите врз кои се креираат политики и се унапредува демократијата.

Многу е пишувано и говорено кои се контра-мерките на активните мерки на центрите за дезинформација, но никогаш не е доволно. Тоа треба да продолжи со истиот интензитет со кои делуваат тие центри.

Станува очигледно дека борбата со дезинформациите нема да заврши, за разлика од конвенционалните војни ,кои почнуваат за да бидат завршени.

Затоа е време Македонија да прифати дека како што постои Центарот за управување со кризи, или Дирекцијата за заштита и спасување, време е да се направи следниот чекор и да се институционализира и борбата против дезинформациите и другите закани од сајбер – нападите.

Планот за одлучна акција против ширење дезинформации и против напади врз демократијата на Владата треба да се апдејтира веднаш и да се подигне на следно ниво. Особено сега, кога земјата е членка на НАТО и кога на располагање и стои целата логистика на сојузничката северно-атлантска алијанса.

На идеолошката субверзија против западно-европските вредности треба да ѝ се спротивставиме со структурирана концепција и стратегија, базирана на максимална превенција и заштита од сите форми на сајбер – нападите.

И се разбира, во оваа борба е неопходна коалиција со сите останати фактори, во која значајно место имаат и медиумите и социјалните платформи.

Големата лекција ја научивме (или не?) после дебаклот на Фејсбук, откако оваа мрежа, која е огромна база на податоци, дозволи да биде злоупотребена за прибирање приватни информации во пресрет на изборната претседателска кампања Хилари Клинтон/Трамп, а потоа и за време на самите избори.

„Газдата“ на Фејсбук, пред американскиот Сенат ја прифати одговорноста, а денес мрежата прифати дека не може да мижи пред реалноста на дезинформациите и да биде само канал за комуникација, туку мора да се однесува како издавач (паблишер), кој во своите приоритети го има справувањето со дезинформациите и ширење на говор на омраза и применува алатки за нивно спречување.

Во однос на нашата медиумска средина, треба уште многу да се направи, но секако дека е време уредничките тимови на професионалните медиуми да прифатат дека верификацијата на фактите во новинарските приказни се наметнува како врвна неопходност.

Овие денови Агенцијата Франс Прес објави оглас за работната позиција „верификатор на дигитални информации“ во повеќе бироа низ светот, а Ројтерс и Асошиетед Прес веќе одамна имаат секции за проверка на фактите во своите редакции.

Од друга страна во борбата со дезинформациите како општествена одговорност, од суштинско значење е и учеството на граѓанската заедница и организации.

Еден добар пример за вакво учество ни доаѓа од Естонија. Како земја од поранешниот Источен блок во Европа, каде што граѓаните најдобро знаат што е тоа пропаганда, дезинформации и специјална војна, има огромен број на активисти меѓу информатичарите, кои како е-војниците на Единицата за сајбер одбрана (Cyber defence unit), доброволно и активно учествуваат во дебанкирањето и разобличувањето на дезинформациите и нивните извори, како уште еден сегмент од одговорниот пристап кон ова прашање покрај медиумската писменост во оваа земја.

Ете натаму оди медиумската одговорност, како и одговорноста на граѓанските организации.

(Авторот на текстот е Зоран БОЈАРОВСКИ, долгогодишен новинар и уредник)

Преземено од ima.mk 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ